Ми треба препорака за маскара. Ја користев Maybelline lash sensational и ми се допадна што не се рони и што си стои дур не ја избришеш ама ко за тие пари не сум задоволна како ми ги прави трепките, некако и ми ги слепуваше. Мали трепки и светли имам, ми треба некоја стварно добра маскара, со добар ефект и што исто толку добро ќе стои дур не ја избришеш. А инаку некоја со попристојна цена ако може, 200-400, максимум до 500ден. На Catrice пред оваа ја користев црвената и од неа бев задоволна некако повеќе дури. Ама пак сакам да пробам некоја друга, може појше ќе ми се погоди, па ако не на Catrice ќе се вратам, до сега најдобра од сите што сум ги користела ми беше..
Ја зедов некни, после бајаги изгледни туторијали на јт каде блогерки имаат супер впечатоци од маскарава. 209ден во ДМ. Неколку пати ставив и ефектот е одличен (и јас сум со светли трепки, добиваат интензивна црна боја). Не ми се рони, ја носам на работа по 8 саати, трепките не се како да не виделе маскара тој ден. Напротив, си стојат обликувани и поткренати. За парите и те како вреди да се купи.
Ова е една од подобрите маскари што сум ги користела и не е многу скапа често е на попуст можеш да ја начекаш. И види ги на Аура доста ги фалат на форумов
Jас првата jа имам користено и искрено не ми изгледаа ништо посебно трепките.Дава некоj природен изглед,само ми ги обои и продолжи малку.Единствено што ми се допадна е што не ми ги залепи трепките. Jас лично имам такво искуство,но можеби има феминки што се задоволни па нека споделат.
Јас ја имам втората и не сум задоволна. Ми ги слепува трепките и многу производ се нанесува, па морам да ги чешлам 5 мин. Позитивно е што маскарата е баш црна.
Ами и јас ја барав таа овде ама го нема Maybelline како бренд, а оваа ќе ја донесат у лидл...Само маскарава.
Сте приметиле ли да ви се пресликува под очите Lash Sensational од Maybelline? Не ми е мрсен тој дел од лицето, не ни имав ставено пудра или коректор денес, само малку маскара. И нова ми е, само што ја отворив пред некој ден, а се пресликува. И не е само еднаш, ми се има случено и со претходната, па ја фрлив мислејќи дека е стара, ама ете и новата зеза. Колку е таа од Макс Фактор со големиот попуст во Еликсир?
Па не ми ни стоеше на очи повеќе од два-три саати, а бев како да сум нашминкана којзнае од кога. Кај што ја напукаа цената скоро до 500, само уште овој гаф им фалеше. Ќе видам како ќе биде деновиве, ама штом зеза без шминка, со коректор сигурно ќе биде бетер.
Мене ми е чудно како на сите им одговара Lash Sensational само на мене не.. Total Temptation ми е омилена маскара и ја користам за секојден многу убаво ми ги двои трепките,лесно се вади,а не ми се размачкува и дава интензивна црна боја. @buba4e89
Исто, ни 1ч не ја носам, кога ќе се погледнам размачкана. Цело време со огледалото во рака сум, срам ми е веќе, цело време така под очи црно да имам. Ќе ја сменам за брзо и јас, веќе не ја купувам, вистина не вреди за таа цена.
Мене ми се допаѓа какви ми ги прави трепките, ама пресликувањето ми ја пали црвената сијаличка во глава ептен. Ќе видам како ќе биде, но ќе си барам некоја друга, доста беше Maybelline.
После многу пофалби од тука и јас ја купив Lash sensational, но се разочарав. Ми се пресликуваше и брзо почна да ми се суши. Стварно за тие пари очекував повеќе.