Јас секогаш кога експериментирам цели маскари ги фрлам и пак се враќам на Мејбалајн И пак си мислам дека таму некаде постои и некоја друга маскара од која што ќе бидам задоволна таа на макс фактор што е на 70% попуст ептен ми се смешка, ама пак си мислам да не се разочарам, па да ја зафрлам и неа
Топ е маскарава на Benefit , од сите нивни што сум ги пробала оваа им е најдобра. Ако можеш пробај ја , јас мислам ќе ти се допадне
Ја имам и Beter than sex веќе година ми стои у фиока и денес си чистев шминките и си ставив да видам каква е и трепките до плафон Не ја користев затоа што првиот пат кога ставив нешто ми ги испозалепи и од тогаш немав ставено, сега е совршена како не ми текнало порано да ја користам
@Kimberly11 да и таа на Too faced е одлична.На почетокот и мене таа не ми се допаѓаше , како што рече ти ги слепуваше трепките.. Маскариве од хај енд брендовиве колку подолго ги чуваш отворени толку подобар резултат даваат на трепките поготово така е со воденастите маскари
Фала девојки, јас ќе ја нарачам за блек фрајдеј со некои други работи. @Kimberly11 ја нема на бјути беј маскарата. Баш гледав и ја немаше.
Во дм видов дека маскарите на Римел се на попуст. Има некоја добра да препорачате за волумен и издолжување?
Scandal Eyes ако немаш веќе купено. Имав една таква, добра беше, вршеше работа за дневна шминка. Не слепува, не се пресликува, лесно се вади (обичната, не водоотпорна верзија). Иначе мислам дека имам пишано во темава... ама јас од повеќето маскари на почеток не сум баш воодушевена, но со тек на време си фаќам ред и ок ми се, така и со Scandal Eyes.
Користела ли некоја од вас од овие маскарите на Bourjois со розовите капачиња? Другите ги имам пробано. Третата не ми е ништо посебно, а последната е многу убава. Меѓутоа, една од овие две со розово беше намалена на 245 денари во Космо па ме интересира ги бива или не? Не се сеќавам која точно беше ставена на каса, мислам таа најлево на сликата. Help, @Beauchamp ако си користела некоја од овие.
Маскарава за тие пари стварно е ок. Меѓутоа се изнамачив вадејќи ја Водоотпорна нели па забавно ми беше. Како ја отстрануваш?
Не знам оти така, јас не сум имала потешкотии. Прво само трепките со влажни, после со мицеларна и ништо не останува.
Јас се изнамачив денес пак ставав сега ми е страв да си легнам зошто треба да ја вадам а како не знам
Леле извини те заборавив.. Сега ми текна дека ме тагна , се извинувам Не сум ги користела овие со розево капаче. Да, цената е супер искрено, и да не е ок, нема да се изгуби многу. Сепак ефтино е за боржуа Може и јас ќе ја земам