Од маскарава има и водоотпорна и неводоотпорна верзија. Нареден пат види која ќе ја земеш, зошто и неводоотпорната е одлична, не се рони и не се пресликува, а полесно се вади. Јас користам двофазна мицеларна вода, натопувам памучно туферче со неа, со туферчето ги опфаќам трепките и држам кратко така, без да влечам, без да стругам, за да може да се разложи маскарата. По десетина секунди еднаш нежно повлекувам со туферчето и маскарата си се вади. Потоа, кога ќе го измиеш лицето со гел, пена, или што и да користиш, нема да остане ништо на трепките
Ја купив сабајле, не ми се пропушта Боржуа на толкав попуст. Ќе пишам кога ќе ја пробам, скоро ја отворив оваа што ја користам па да ја дотрошам и ќе видиме.
Ааа обавезно кажувај каква е. Да ја земам или не, таман плата стигна дур има парички Може и да не те дочекам да ја земам и јас
Мојата ќе почека дури да ѝ дојде редот да ја отворам, златна резерва. Мајка ми ја почнала нејзината, вика многу ѝ била погодена четкичката убаво ги виткала трепките. Инаку не кажав, на акција била таа со свитканото четче, Ultra Curl. Фино изгледа вака на око, па ќе пишам повторно кога и самата ќе ја пробам.
Девојки препорачајте некоја маскара од ДМ или Космо до 300 ден. Јас немам воопшто трепки така да што и да ставам пак ке немам, не сакам многу пари за маскара да фрлам ама да не е сепак никаква..
Maybelline пак се на акција во ДМ, сребрената е мислам овој пат, убава е ја имам користено. Но има и други во сетови со палети како лани. Види дали ќе ти фати некоја око, оти ептен убава акција се сетовите маскара+палета, сенките им се топ исто така. Само маскарата е 299 мислам, сетовите од 450 нагоре. Се опраи иначе мојата Lash Sensational, немам приметено пак да се преслика ама наредна ќе си ја отвотам таа од Боржуа, прашував за неа тука. Ќе видам како ќе ми се допадне, за тие пари каква сака нека е.
Jas ja kupiv pred nekolku dena po tolku falenje na forumot,denes ja upotrebiv za prv pat i mozam da kazam deka ne e nisto posebno duri i sum razocarana od efektot. Ako moram da stavam 3 sloja da izgled pristojno togas so tolku sloja sekoja maskara bi izgledaja kako sto treba. Kako i da e za mene maskarata e BIG NO.
Не знам што е толку биг ноу, за мене единствен минус на маскарава е тоа што на четкичката останува многу продукт, па треба да го тргнеш пред да нанесеш. Не ставам три слоја никогаш од истата, ако ставам толку, ќе добијам пајажина а не трепки. Пак ќе кажам, мене за 200ден ми е супер, со исклучок на она што погоре го наведов.
Мене ми е одлична. Имам мали трепки и ми ги прави големи, плус ставам 2 слоја. Ете ми се свиѓа ептен.
И мене ми е убава Lash Princess, само јас ја користев розовата. Зелената не ми е пробана ама ќе ја купам некогаш. Поубава маскара за тие пари нема. Знам дека малку ми се пресликуваше таму пред да се потроши скроз, ама заедно со Volume Stylist ми се најдобри маскари од Есенс.