Убава е lash princess маскарата од Есенс, убави ги прави трепките, ама многу тешко се вади. Пола грешки ми испаднаа при вадење и веке никогаш не би ја купила. Овој проблем го имам и со уште една маскара од Есенс, се е супер додека не дојде ред за вадење. Затоа ги баталив и веќе не купувам од нивните маскари.
Дали сте задоволни од маскарите на Max Factor? Конкретно за 2000 Calorie ме интересира, во план сум да ја купам.
Јас сум задоволна, многу добра маскара. Посебно дава густина. Сега ми е над буџетот и само Лаш принцес ја купувам.
Ја купив, ја користам веќе неколку дена и баш сум задоволна. Многу убави ги прави трепките, не се рони и не се пресликува, а имам баш мали и светли ефект, а со маскарава изгледаат ептен густи и долги. Мислам дека до сега е најдобра маскара што сум ја користела.
Последно си ја купив златната на Мејбилајн. Претходно имав искуство, преееубава ми беше. Сега, сува,како 6 месеци да ја користам и никакви трепките. Предлог за маскара со таков ефект за долги и густи трепки и да не се рони? Да не е лаш принцес зелената, таа само волумен ми дава. Во дм видов некоја нова на Mac factor revival е намалена. Ја имате пробано?
@Pretty Woman All in 1 е предобра маскара, поготово кога ќе се подзасуши ја имам 6 месеца и жал ми е да ја фрлам. Не ги лепи трепките, дава волумен , ги издолжува... следно шминкање ќе поставам слика.
Јас имам густи трепки и оваа маскара не ми беше погодена воопшто, само ми ги лепеше.. Само мене ми се размачкува под очи оваа All in 1 изгледа...