Полоша маскара во животот не сум пробала, цела се рони и остава црно под очите. Не знам како има толку добри reviews (поради тоа всушност и ја купив).
Зошто некои маскари кај некои се пресликуваат, кај други не? Ја земав зелената на Essence, за тие пари стварно е супер, прекрасни ми се трепките, ама после три часа сум лом, ракун... Има ли некоја маскара која стварно не се пресликува? Долго време ја користев црната на Maybelline и ми беше одлична, ама мачење е секој ден да ја вадиш и никако не можеш да ја доизвадиш... значи не таква.
Јас ја имам користено и старно за цената е прекрасна ! Прв пат кога ја нанесов и не ми беше нешто но после ми стана омилена ... подобра е да се засуши , дава убав волумен , не лепи , не се рони ! Пробај ја
Дали ги имате користено и како сте задоволни??? https://images.app.goo.gl/4e4Ji889k6vSiHAu8 https://images.app.goo.gl/jUDPcjuiMQquH18f9 Фала
Ја земав од Шатци на попуст за 300 денари. По не знам кој пат ми се случува кога земам маскара на попуст да биде исушена и за ништо да не ја бива. Се рони, остава црно под очите и ме печат очи од неа
И јас се пријавувам како незадоволна од Essence Lash Princess. Прво ми ги лепи трепките, скоро секогаш треба да ги одвојувам. И второ, се пресликува по некој час. Убава е црна, и кога ќе се нанесе убаво, супер изгледа. Но мислам дека не би ја купила повторно.
Не е скапа, можеш да ја пробаш ако сакаш. Читав дека има и девојки кои се задоволни. Но секој со своето искуство.
И јас ја купив зелената essence Lash princess и се согласувам со твоето мислење.Може кога ќе се подисуши ќе биде подобра но досега воопшто не ми се допаѓа.Досега ги имам користено маскарите на maybelline и max factor 2000 calorie и по мое мислење се 100 пати подобри, а во цената нема многу разлика.
Мене пак ептен ми е погодена зелената лаш принцес, следно ќе ја пробам водоотпорната верзија. За таа цена и тешко се наоѓа солидна маскара, Мејбилин доста ги поскапеа, под 350 ден. не може да се најде маскара, а секако повеќе од 3 месеци не може да се користи, што за мене е многу. И иако на многу им се допаѓа, светло розевата воошто не ми се погоди.
Маскара на голден роуз што дава суптилен изглед и најбитно ГИ ВИТКА трепките? гледам на попуст се сега сите а има и премногу избор Нешто како lash sensational, може и посуптилна меѓутоа така да ги витка
Здраво, може да ми препорачате некоја маскара што е добра и не се рони под очи? Не можам асална да си најдам да не се рони под очи по некое време, личам како да имам црни подочњаци од неа