Последно ја земав на Макс Фактор таа што е намалена на 300 ден. Вистина редовна цена и е 880 ден? Искрено за неа толку пари не би дала, за 300 ден е ок ама за скоро 900 ден нема шанси. Дава многу малку должина скоро и да не се приметува и волумен малку. Течноста и е чудна, како исушена да е, а според коментарите за неа таква била маскарата. А оваа новата на Мајбилајн катастрофа, никогаш не би ја зела ни за 100 ден а ја платив скоро 500 ден. Буквално ништо не ми прави на трепките само ми ги унакаже уште повеќе.
Јас ја имам користено , дава волумен но ништо посебно ме ми беше , не ми дава некој wow ефект и после неколку часа ми се ронеше
Која маскара би ја препорачале за осетливи очи? Ја земав зелената на Essence Lash Princess стварно е убава, ја ставив неколку пати и веќе почнаа да ме печат очите и да ми течат солзи. Па отидов ја зедов пак старата омилена Maybeline Lash Sensation, истото ми се случи.. Не знам од кога ми станаа очите толку осетливи
Na bourjois vo belo pakuvanje ti e za osetlivi oci mnogu dobra maskara e,ne mi se desilo da me ceshaat oci ili da mi solzat,dva pati ja imav kupeno
Формата на четката им е различна. И мислам дека црната е водоотпорна. Јас лично повеќе ја преферирам металикот, ги расчешлува трепките и не ги лепи една со друга.
@softy1 da,da preubava maskara e ,ic ne mi gi lepese trepkite,mi ja imase preporacano edna clenka na forumov inace @f.girl koja cena e?
@Kimberly11 нз да ти кажам точно колку е, ја купив од ДМ на попуст пред 3-4 месеци околу 350-400 ден беше.
Кога сме кај маскарите , јас имам една моментално на Catrice поточно Eyeconista (обичната веризја ). Луѓе , какви Estee Lauder , какви YSL... ова е прекраснотија од маскара! Дава волумен на трепките , ги подигнува , витка , буквално се , четчето е слично како една маскара на Sephora што ја имав купено пред неколку години , ама ефектот неспоредлив. Ако не ме мрзи еден ден кога ќе се нашминкам ќе ставам слика во вашата шминка низ слики темата , па ќе видите каков ефект дава. Нанесувам по еден слој зошто ако ставам два - шминката за преку ден ќе биде претерана ви ја препорачувам , не е скапа воопшто , јас ја имам од јануари и веќе ми е исушена потрошена и не сакам да ја фрлам од толку што ми се допаѓа сакам и други маскари да пробам на Катрис. Од друга страна , ја имав земено декември месец и оваа YSL Volume effect faux clis , среќа беше во делукс сајз , катастрофа од маскара и баш пред некој ден ја фрлив , не беше ни истрошена ни ништо.
Јас ја земав првата што ја препорача. Не беше скапа околу 5 евра.Ќе пишам мислење,ми се свиѓа четчето.
Не сум ја пробала, но гледам дека е водоотпорна па би те советувала против. Имам користено водоотпорна еднаш во живот и тоа многу краток период поради лошото искуство. Водоотпорна маскара се вади многу тешко, мене лично ми паѓаа премногу трепки додека се обидував да ја извадам, така што си реков не вреди. Мислам и дека нема толкава потреба да биде водоотпорна, ама можеби ти или некој друг тука имал позитивно искуство со оваа или со некоја друга од овој тип.
Многу лошо искуство со оваа маскара иако е водоотпорна ми се размачкаа очите, а и многу брзо се исуши и за помалку од месец требаше нова да купам.