По оваа твоја препорака ја купив и јас таа на Catrice и е феноменална. Особено за цената. Претходно користев Clinique High Impact, Dior Overcurl кои се предобри, само што и цената е малку солена. После нив пробав некои на Maybelline, L'Oreal, ама не ми се погодија.
@Mishela Јас ја купив во Романија, беше околу 290 денари, би требало и Македонија да е толку, а може и поефтина да е.
Да, ги имам користено и двете што ги кажа , ама за евтини пари одлична е оваа на Катрис имам ставено и слики со трепките мои , не знам дали си видела
И пред 2г бев многу задоволна од маскарите на Catrice ама и сега пак се враќам на нив. Конкретно за оваа маскара зборам, you can thank me later (а ја на @koritsaki да и речам фала пошо ја пронајдов). Еве каков ефект има на моите мали и светли трепки. Набрзина ја ставив за да ја пробам пошо едвај чекав да видам како ќе е, а и од тука ме прашаа @Kimberly11 и @koritsaki како била па еве ја Види го прикачениот фајл 606221 За само 300 и нешто ситно е прекрасна. Дури подобра ми е од маскарите на Мејбилајн и Макс фактор. Убаво се вади, сум ја земала водоотпорната ама задоволна сум. Ми се допадна, ја препорачувам
Повлечени се од продажба кога излегоа новите маскари. Ова е мојата омилена маскара и успеав да зграбам уште една за резерва кога дознав дека ќе ги нема.