Има и водоотпорна ама мене не ми се допаѓа јас ги избегнувам водоотпорните, а освен тоа и од оваа не добивам ефект на панда во очите.
Преубава маскара за помалку од 200 денари. Исто и розовата, smokey eyes мислам дека беше. Совршена за моите трепки. Си ги купувам наизменично - еднаш оваа, па другата. Единствени две маскари од Голден Роуз што не ми се ронат или пресликуваат под очите.
Баш така. Не за џабе рекле некогаш лекот е 5 пари. А јас си давав 500+/- да си најдам маскара што одговара на моиве трепки.
Дали за брзо се суши? Оваа баш ја немам пробано, ама црната и црвената ептен брзо се сушеа и за брзо ја снемуваше маскарата од трепките.
Мене ми стои цел ден на трепките и ептен тешко се чисти, дури и со двојно чистење знае да остане пак.. Ниту ми се пресликува, ниту се рони и што е најдобро ги држи моите долги трепки навиткани цел ден.
@starfish за водоотпорна погледни го моето мислење погоре за таа на Essence, според мене е баш таква како што сакаш. @anggell Catrice Eyeconista и мене брзо ми се исуши, во споредба со другите кои сум ги користела. Баш штета, ми се допадна многу ефектот.
Да, и мене ми се суши брзо исто за месец. Друга од catrice немам косристено. Многу ми се допаѓа ефектот сепак не ја менувам засега
Немам видено.. sry Многу е добра, ја користам, при крај ми е.. Се прашував дали случајно ја донеле.. Мн сме слаби сo шминка и skincare ко држава за жал ..
Мене овде (во Грција) за маскарава на Лореал ми кажаа дека веќе не се произведува, баш пред некое време прашував
Им пишав, еве што ми кажаа. Се преплашив хаха. После долго време најдов маскара што ми одговара. *ps:Ја имаше во продукти што уште ги произведуваат.
Ја купив онака, без да прочитам рецензии. Ова е најлошата маскара што ја имам ставено на моите трепки. Сува е, трепките ми ги "падна" и најиронично од сѐ е што се пресликува, иако е smudge-proof. И не е ни long-lasting.
Иако не ја сакам на Голден роуз козметиката, бев скептик за маскарата, ја купив и сум пријатно изненадена, на пола цена е од други маскари и со еден слој имаш убави трепки а не се ни размачкува, ќе си купам и залихи, немој стварно да ја снема.
Морам и јас да ја пофалам Мислам прва маскара што ем не ми ги слепува, ем не остава грутчиња. Баш маскари со четка со пократки влакна ми се поубави.