предложете ми некоја маскара што дава поприроден изглед на трепките, такви одвоени издолжени и свиткани не сакам многу црни и така густи слепени омилена ми е Lash sensational na maybelline ама многу ми паѓаат трепките од неа некако и ми се изретчија
Оваа маскара никогаш не би ја купила повеќе. Само 2 пати се намачкав и ја баталив. Не се суши брзо, ги залепува трепките и цела се правев црнила додека ја намачкам убаво. А за бришењето многу тешко се брише. Се излажав по тоа extra black ама тоа само на бришење се црнилата. За џабе 15 € Оваа ја купив од како ја прочитав @koritsaki и сум презадоволна. Само со еден слој трепките ми ги прави густи, долги и најважно не се залепени и брзо се суши. Оваа од Лореал веќе ми се исуши. Задоволна бев од незе. Би ја купила пак.
Јас дојдов да се пожалам овде Незнам дали јас незнам да ставам маскара или до толку да е ужас оваа. Од волумен само В има, плус никако неможам да ги извиткам нагоре, трепките ми ги исправа како стреа. Сум била позадоволна од поефтини маскари.
Многу ги расипаа Мејбилајн маскарите, пред некој месец и ја се разочарав и веќе не зимам нивна маскара. Земи си на catrice, многу подобри се
И оваа ја расипаа? Штета. Мене ме разочара жолтата Колосал. Таа ми беше најомилена маcкара на времето, мислам дека и немаше рамна за тие пари. Дали пред десетина години навистина тоа бил максимимумот за дрогериската козметика или не не знам, ама пред скоро ја купив пак и ефектот немаше врска. Најдобри маскари на Maybelline моментално им се Lash Sensational и онаа златната, Big Shot ли, така некако се викаше. Штета за постарите маскари, мене жолтата ми беше една од првите маскари кои ги купив, а виолетовата ми беше омилена поради заоблената четкичка. Ќе заминат изгледа во историјата, ми се скрши филмот.
Јас многу маскари користев и не бев од никоја задоволна. Краток период бев задоволна од maybaline ама покасно дали се презаситив или веќе нешто ја променија, ми се правеа како ронки и ми се лепеа трепките.. Оваа е маскара од која сум презадоволна, веќе подолг период. За издолжување на трепките е и преубава ми е. Само не сум сигурна дали кај нас може да се најде..
Абе арно си знаев јас пред да купам нешто обавезно пребарувам прво по форумов. Ама вчера се излажав онака без размислување ја купив, дека Мејбилајн и викам нема да ме разочараат. Ќе ја користам некој период за на работа да не ја фрлам скроз полна.
Да се надоврзам: На толку фалење на овие, јас пробав неколку ама не бев задоволна воопшто. Не знам дали не ми одговараат на трепките маскариве на Maybelline или нешто е до нив. На Catrice се предобри и дупло помалку пари.
Ужас е и lash sensational, 2 пати уште и дадов шанса и не не е таа маскара што беше пред некоја година, а цените си ги држат високи... Многу го расипаа квалитетот, не е тоа што беше брендов.
Јас од кога ги открив сосема случајно маскарите на Катрис, се препородив. Барем не се скапи воопшто. Порано само фрлав пари за маскари, една сува, една многу течна, една ништо не им прави на трепките, друга ги лепи само. Нервозна отидов и ја грабнав една на Катрис што беше на попуст. Сега кој и да ме види ме прашува што маскара користам.