Catrice се сушат за неполн месец, а слична цена како Maybelline се, околу 300 денари поновите. И тие ми се отпишани. Smokey eyes и таа во сребрено шишенце од Голден Роуз ми се феноменални, само штета што нема водоотпорна верзија зашто на влажно време некогаш станувам лом околу очите. За 175 денари, навистина не верувам да се најде нешто подобро. Вчера ставив фиксатор и немаше гајле, па така ќе терам.
Јас ја имам оваа користено. Пред околу 2 години. Убава беше. Не се сеќавам на цената, тогаш на попуст ја земав знам.
Ја веќе неколку месеци ја имам оваа што ја користам од Catrice, задоволна сум уште убави ми ги прави трепките, не е ни згусната. Ги користам до максимум како и да е, сува, не сува...
Апсолутно се сложувам. Јас ја користам црвената од голден роуз 3d lashes и на влажно време малку знае да се размачка ама со фиксатор не мрда дури по цел ден.
На ГР никогаш не им ги разликувам, а тие неколку што ги имам пробано ми биле ужасни. Оваа успеав да ја најдам, другата сребрена не знам која е. Мејбилајн Lash Sensational ја зимал некој во последно време? Таа ми е убедливо најубава маскара што ја имам користено, а ми е при крај па треба да се решам што да купам следно. Ако ја уништиле ќе се разочарам... Зарем Кетрис eyeconista само месец дена трае? Не ми се даваат пари за толку кратко време, воопшто не се исплати. Можеби некоја на Авон имате што ви се допаѓа?
Два пати ја купив таа од Catrice и два пати се исуши за околу месец дена. Полна грутки, сува, не се ни зема од маскарата. Штета зашто дава убав ефект ама не ги можам нивните маскари со тоа сушењето и станувањето неупотребливи за толку кратко време. Од Maybelline, обичната Lash Sensational мене иста ми е. Убава е златната и таа во металик сребрено шишенце е солидна. Постарите како жолтата Колосал, виолетовата и другите кои и да беа, не им се тоа што беа.
Lash Sensational и мене ми е омилена, а има и супер цена. Читам многу негативни рецензии и искрено чудно ми е, се мислам да не е до бојата на трепките, за потемни е одлична! Од Авон, добра е OneLashGenius.
Јас ја купив и искрено се разочарав,подобра ми беше на есенс црната или макс фактор лаш инфузион која моментално ја користам и е супер.
Catrice EyeConista и мене ми се исуши за еден месец. Ама, најдов решение, не само за неа туку и за било која засушена маскара. Ставам капки за очи Прокулин, 2-3 внатре во тубичката, и 1-2 на четчето и ја промешувам со четчето внатре убаво. До сега сум немала проблем да ми се рони или размачкува. Пробајте
Женски конечно најдов за мене перфектна маскара. Уствари не ја најдов јас, ми ја донесоа поклон инаку никогаш не би дала повеќе пари за тоа.. ама вреди. Подобра никогаш немам користено и мислев дека на одредени производи само името им го плаќаш ама не било така. Погусти трепки никогаш не сум имала.
Девојки дадете ми предлог за добра маскара што ги прави трепките погусти и подолги. Одлучив некоја нова да пробам.