Случајно барајки лак на пазар си ја видов маскарата која ја користев пред некоја година. Си ја купив за 80 денари и пресреќна сум. Маскарава е закон
Убава ли е?Јас имам користено од Голден Роуз ама си велев да сменам малку ама нема некој подобар избор Изгледа пак ќе земам од неа
Јас си купив од Miss Sporty маскара ама четчето и го заменив со едно од Cover Girl и дефинитивно мислам дека е до четчето отколку до маскарата (можеби е и до маскарата ама 100 пати е поважно четчето) и сега сум си задоволна од мојата ново произведена маскара хуху
латина јас гласам за жолтата многу е добра маскарата и трепките се издолжени и густи ја имам и фалсес ама не ми се допаѓа многу а оваа новата што е ја немам пробано може некој што е пробал да сподели овде бидејки и мене ме интересира каква е така да жолтата ти ја препорачувам екстра е за тие пари.
Ја користам од Голден Роуз маскарата за зголемување на волумен, евтина е ама многу ги лепи трепките една за друга, четчето и е никакво, и не ми се допаѓа како изгледаат трепките од таа маскара. Едвај чекам да ја потрошам! Најдобра маскара што ја имам пробано беше на 1 пријателка која користеше Лореал Телескопик маскара, секое влакненце го дефинираше, трепките како вештачки ми личеа и мн. убаво изгледаа.
Ја имам оваа, не е лоша а и евтина е.Сега ќе си ја купам жолтата од Maybelline, не користам толку често маскара, ама ако, да си имам една квалитетна
Јас користам на голден роуз веке 7 месеци и нема ни трага ни глас од изушување или згрутчување. А користам маскара два пати дневно.
http://img.szafa.pl/ubrania/1/005249841 ... ascara.jpg Јас ја користам оваа од орифлејм.. не е многу скапа,моментално е 430 денари,минатиот пат беше на попуст ја земав за 300. Презадоволна сум. Има две четки,едната е за волумен едната за должина. Бидете сигурни дека нема да се покаете ако ја земете
Маскарите на Орифлејм ми се тапа, не ги бива ич, најдобра моментално ми е max faktor 2000 calorie, ја препорачувам на сите.
^ Мене пак овие на Орифлејм добри ми се, да не кажам одлични посебно онаа Интенс со тенкото заоблено четкиче, прекрасно ги издолжува и им дава убав волумен, инаку пак ме предомисливте, читам позитивни коментари за Мејбилајн жолтата, така да во план ми е да ја пробам
ја има некој користено маскарава? јас планирам да си ја нарачам месецов, и баш ме интересира дали е добра?
нова е маскарата во наредниот каталог кој почнува после 1 ви мај е на промоција во авон за 249 ден, сакам и јас да ја нарачам вака добра ми изгледа според четчето!