Еве слики oд новата маскара на Maybelline sky high. Првата слика иимам еден слој, на втората слика два слоја, на третата и на двете очи 2 слоја. Не ги слепува до толку трепките мислам , кога ќе се засуши малку ќе биде подобра. Не е лоша маскарата, ама мислам дека ист ефект добивам и со некои други како розевата погоре од Есенс, или ете таа на Катрис. Пред да нанесам прв слој, ги виткам со виткач зошто маскарата не ги подвиткува трепките. Според мене малку претераа со рекламирањето на тик ток на маскарава
Јас имам подолги трепки, ама сакам така малку како свиткани и подигнати да ми стојат, плус убаво раздвоени.Која маскара би ми ја препорачале, значи најбитно ми е да не ми ги залепува трепките и да не е претешка.
Ми треба маскара која ќе ги извитка трепките или барем да останат како кога ќе ги извиткам со виткачот. Трепките буквално ми растат прави и надоле. Веќе две години менувам помеѓу Есенс лаш принцес зелената и синита за во лето бидејќи ми се пресликуваат кога е топло. Цената да биде од тој ранг, до 300 ден. И не Голден роуз, сите нивни ми се пресликуваат.
@koritsaki како си задоволна од Eyeconista на Катрис? Вреди да ја земам? Од дрогериски маскари верна сум на Lash Sensational, ама веќе со години ја користам и сакам нешто ново. Од high end сум фан на Diorshow Iconic Overcurl, ама сега и онака нигде не одам, не ми се даваат пари за неа. Барам нешто дрогериско и добро за волумен и подигање на долги, ама прави трепки
Одлична е таа на Катрис , малку побрзо се суши од останатите маскари што ги спомна погоре , ама ок за таа цена навистина е одлична. Имам слика некаде на темава поставено како ми изгледаат трепките со неа. Да , па навистина не вреди сега со маскиве што ги носиме да даваме толку пари за шминка. Јас од лани до сега имам купено ситници некои - пудра, маскара , молив за очи , кармини две и тоа и само маскарата што ја отворив да ја пробам таа новата на Мејбилин , другото се е запечатено
Ти ја видов сликата и ми се допадна ефектот многу, затоа те прашав Ќе одам после до ДМ, ќе ја земам, фала ти
Како да прочитав некаде дека ја имало во Космо. Дали е точно и колку пари е, немам поим навистина. Нека каже некоја ако знае.
@koritsaki тука ке ти одговорам за маскарата од Есенс. Искрено мислев дека ке биде подобра,четката не ми се допаѓа баш,многу е течна,се размачкува и демек за издолжување на трепките е ама нема некој посебен ефект. Воопшто не ми ги издолжи трепките,не е скапа воопшто ама не би ја купила повторно.
Еден мој тип и фејв: Ако барате маскара што ги издолжува трепките и се суши брзо ви ја препорачувам Telescopic од L'Oreal! Не ги прави густи и со волумен но ги издолжува чудо! И брзо се суши и не се размачкува/рони под очи. (слична е на Maybelline Sky High)
Одлична е ја препорачувам. Четката е одлична,дава волумен ги издолжува трепките и плус не се рони а цената е смешна.
Јас ја имав waterproof верзијата но многу ми ги сгрутчуваше и лепеше една до друга трепките. За мене е не, барем таа waterproof...