Одлична маскара, малку бев скептик поради обликот на четката, ама одлично излезе баш поради аголот на неа. Убаво ги разделува трепките, ги опфаќа сите трепки од почеток до крај по должина на капакот и ги издолжува. Не прави грутки. Најдобра маскара досега што сум ја користела. 10/10
Ве молам нешто проверено што не се рони, пресликува, размачкува. По можност со закривена четка за минијатурни трепки
Есенс лаш принцес водоотпорната со права четкичка е, но е единствена што не ми се пресликува и размачкува. Прво ги виткам трепккте со виткач, па ставам маскара и остануваат такви цел ден.
Ја зедов таа погоре од Буржоа убава е ама четката ми е голема за моите трепки. Ќе ја пробам баш и оваа наредно, фала
Здраво, некој да ми препорача сина маскара што се наоѓа кај нас? Барам низ дрогерииве ама нешто ко да нема...
Маскарава не е ни 200 денари а најпогодена ми е. Многу убаво ми ги прави трепките ми дава и волумен и должина и не се рони ни размачкува. Не верувам дека ќе ја сменам во брзо време.
женски која од овие две, на max factor случајно видов дека е многу намалена барајќи ја на maybelline да видам колку е. За maybelline имам доста читано и гледано дека е користена и фалена.