Океј се, не ми се нешто специјални. Ако сакаш вистина добра, иди со Есенц Лаш Принцес, зеленото паковање.
Исто и јас сакав да и кажам, ама викам да не и кршам филм, ништо посебно не се, Есенс зелена омилена ми е за век и векови.
Таа на мејбилајн последно кога ја користев ич не ми се допадна, сменета и беше формулата некако, не беше воопшто добра и од тогаш ја немам купено, ме разочара скроз. А, пред неколку години убави маскари имаа мејбилајн...
Исто, и јас би ти ја препорачала зелената на Есенс или оваа на Катрис Имам ставено слика од моите трепки со оваа маскара на темава, ако ја нсјдам пак ќе ја поставам. Едит: еве Catrice eyeconista
Првата ја имам користено и убава ми беше, флексибилно четче, даваше волумен само брзо се засуши. Јас би ти препорачала да пробаш на Есенц lash princess било која боја или пак на Катрис eyeconista златната. Предобри маскари + нискобуџетни.
Стварно ми го скрши филмот убедена бев за таа на maybelline дека е убава инаку јас ја користев сината на есенс ама многу ми е тешка за вадење инаку ефектот од неа одличен
А, како бе не ви се ронат од Есенс? И зелената и водоотпорната ги имам, стварно екстра ефект даваат и сите ме прашуваат што имам ставено, ама по неколку часа се пресликуваат и од долни и од горни трепки.
Водоотпорна е сината, затоа тешко ти се вади @senza.parole мене оваа од Есенс единствено ми се ронеше по очи
Баш ми треба нова маскара, па отворив во темава да разгледам што препорачувате одлично изгледа на тебе. Само мислам дека @Dream-Girl ја имаше постирано истава маскара, само во тиркизно паковање. Имаат разлика? Да не е водоотпорна таа? Ако да, лесно се вади со маслен отсранувач?
Мене дури и водоотпорната Принцес од Есенс ми се ронеше. Во моментот најпогодена ми е Скак Хај розевата од Maybelline
И мене ми се рони од Есенс таа, затоа на Catrice си се вратив. Лесно се вади тиркизната маскара и со обично средство за шминка.
Јас уште не најдов маскара што не ми се пресликува на горниот капак. Долу ништо нема, ама од горните трепки ми се пресликува. Дури и водоотпорната на Есенс.
Омилени маскари ми се следниве : Bell hypoallergenic great lashes mascara Има убава интензивна црна боја, дава должина, но не и голем волумен. Има силиконска четка која убаво ги расчешлува трепките, но потребно е малку време да се подзасуши маскарата, на почеток формулата е потечна. Bell hypoallergenic amazing waterproof mascara Иако е водоотпорна многу лесно се вади. Дава убава интензивна црна боја, должина и волумен. Avon unlimited mascara Маскара со силиконска четка која е благо заоблена. Интензивна црна боја, убаво ги расчешлува трепките, ги витка, дава должина и волумен.
Оваа ја користам веќе некое време, задоволна сум, за цената е одлична. Имам природно долги и густи трепки па само малку ги истакнувам со маскарата.