Volume stylist - lash extension и curl & hold ми беа добри, не се сеќавам добро една од нив последните неколку пати кога ја барав не можев да ја најдам, мислам дека беше првата.
Во сите Космо ја има, види и во Шатци За оваа зборам Има и на Голден роуз , само не сум ја пробала таа.
Ја нема одамна, трошеа залихи. Lift UP е мн добра замена. Четката е огромна, првиот пат мислев око ќе и истерам ама ја навикнав и супер е. Со врвот и најмалото влакно го фаќа
Женски, се мислам за нова маскара. Овие ги немам пробано, па сакам да ми кажете исмуства. Ми треба за издолжување и волумен.
Lash sensational ја имам само користено од овие. Беше океј едно време, последно кога ја имав земено ко разредена беше, скроз сменета формулата, не ми се допадна и не ја купив повторно. Дали така ми се погоди пакувањето или и го расипаа квалитетот којзнае.
Lash sensational ги расчешлува и издолжува. Total temptation дава волумен, ама нема којзнае какво расчешлување и издолжување. Од Буржоа ја немам пробано оваа, ама подолг период ја користам Eye Catching розевата, и дава и волумен и должина, а богами и расчешлување, од неа сум најзадоволна. Претходните две кога ги ставам, ги комбинирам со маскарата на Гош Show me volume па добивам ок резултат. Сепак најзадоволна сум од Eye Catching. Само од почеток е малку тешка, оти голема количина има на четката и потечна е, ама кога ќе се подзасуши, одлична е.
Lash ја имам пробано, дава волумен и ги расчешлува мана е што брзо се суши. И јас би сакала таа првата да ја пробам ми се допаѓа четчето. На Катриц сите ги имам пробано сите се одлични, на Есенц лаш принцес сите исто.