бланка колку ја зимаш оваа маскара од мејбилајн и да те прашам дали се рони откако ке се исуши бидејки оваа ми се има случено со фалсес виолетовата маскара додека жолтата од оваа фирма е закон
322 денари е, не се рони и не се згрутчува. Се мислев помеѓу жолтата и оваа и на крај се одлучив за оваа бидејќи пишуваше very black
моментално ја користам оваа, ја купив за проба и да ја сменам маскарата од Голден роуз бидејќи веќе долго време ја користам. Вака од само едно нанесување не можам да кажам нешто повеќе освен дека ми дава природен изглед бидејќи е кафеава, ќе видиме како ќе се покаже понатаму.
Најнова...само малку како да ми е густа можеби дека е нова...и ги лепи трепките една до друга..и делува така...драматично малку.. :geek:
Феминки, ќе ве молам да ми препорачате маскара. Имам 14 години, имам сини очи, блед тен. Ретко се шминкам, а кога се шминкам ставам само маскара. (Ви го кажувам ова за, секако, да знаете каква би ми препорачале ) И кажете ми каде може да ја набавам и која е цената. Ви благодарам однапред
Па со оглед на тоа дека имаш само 14 и верувам дека поретко се шминкаш, би ти препорачала некоја од оние од типот на Мис Спорти. И да надополнам, кога бев на твоја возраст користев маскара на Голден Роуз и супер ми беше, па зошто да не пробаш и со таква. едит: ги има низ сите парфимерии, бјути шопови и имаат приступачни цени
Топ 3 маскари кои ми ги прават убави трепките. 1. Авон Шок маскарата 2. Лореал Волумен со колаген 3. Голден Роуз, ултра волумен
Ја пробала некоја од вас новата на Мејбилајн - one by one (розова тубичка е). Планирам да сменам малце, ми здосади од Авон и Орифлејм, сакам нештo ново
Дефинитивно се незаменливи имам користено најразлични маскари, купував Dior, Lancome... бидејќи мислев дека во вакви брендови нема утка, ама кога почнав со Maxfactor не ги сменив Од поскапите брендови можам само Clarins да ги издвојам, маскарите им се одлични!
јас ја имам црвената one by one и убава е , но мене повеќе ми се допаѓа жолтата и розевата од Мејбилајн.. четките се малку поинакви , дури би ја издвоила жолтата како најдобра од таа линија
Сакав да ја ставам жолтата маскара на Maybelline, ама ме претркале Освен таа, според мене најдобри се маскарите на МaxFactor
Ја купив после вашите коментари,си реков евтина е да пробам,ништо не губам и прекрасна е,јас имам долгички трепки и со маскарава ми се како вештачки,одлична ми е