@Yowannty @NarCis@ да не имате мрсни капаци вие женски? Јас исто имам спуштени капаци и плус мрсни , и од секогаш ставам база на капаците, па може затоа горе не ми се пресликува маскарата. Било да ставам или не сенки, секогаш ставам база на очите.
Да, ем спуштени ем масни. А база немам навика да ставам. Ете видиш... Можда е време да почнам. Таман ќе излагам да си зеам маскара па и база ќе зеам.
Да и јас исто , ама во навика ми премина. Кога сме кај базите , највеќе ми се погодиле на Radiant една во тегличе бела е внатре и на MAC ова на сликата сега ја користам моментално , и веќе една година трае, сега баш е на попуст можеп да пробаш види со базиве баш мислам нема да ти се пресликуваат веќе маскарите
Јас немам мрсни капаци и пак ми се пресликуваше маскарава од Есенс, затоа и ја сменив некој период... А, многу убав изглед дава на трепките.
Имам масни капаци, и спуштени, и плус долги трепки. Пробав со база, таа на Римел ја зедов и супер ми е. Сенката ниту се собра, се си беше на место, освен нели маскарата. Помалку се пресликува отколку без база, ама пак не издржува. Ја купив маскарата што ми ја предложивте Lift up, само сепак ја зедов водоотпорната. Утре ќе ја пробам и ќе пишам импресии.
Ич. Јас имам преосетлива кожа и пред него користев само кокосово, пошто сѐ останато не само што ми правеше печење, туку ми се јавуваше и алергиска реакција. Да не ти покажувам како изгледав после Нивеа двофазното кое е дерматолошки препорачано за осетлива кожа на очите. Едвај се оправив од црвенило, лишаи и отоци на очните капаци. Ова засега ми се покажа одлично.
И ја само со кокосово чистам очи. Имам едно лошо искуство со средство за вадење водоотпорна маскара и више не ми текна да купам. Ама општо гледам на Оливал ги фалат низ форумов продуктите. Нз дал ќе најдам овде, а би го пробала. Фала ти.
Не чинат на Нивеа, и мене ме печеше а и не вади баш Имам јас масло од ДМ нивна марка за вадење шминка. Евтино е а убаво вади и трае иако е мало
Оваа ја користела некоја? Во каталогот за месецов е 199, па се прашувам дали ја бива или не, четката не изгледа лошо на прв поглед.
Da mi preporacate nekoja maskara sto gi podiga trepkite , znaci kupov eden ton razlicni maskari , na Trend Uo, Loreal, essence,golden rose.. i eden kup drugi marki nitu edna ne mi gi podiga trepkite kako sto treba.Jas imam.epten dolgi trepki i koja maskara i da ja stavam ne mi gi podigniva da mi stojat izvitkani ,tuku mi pagaat pak.Ve molam preporacajte mi nekoja sto ste ja koristele i od koja ste bas zadovolni .
И јас имам долги трепки , плус користам и виткач и немам проблем со маскариве што ги наброја , јас ја користам моментално од Essence lash princess зелената и задоволна сум. До која цена сакаш да купиш маскара? Ги имам користено и овие две Dior iconic mascara (има два вида ама не таа curl) и на MAC in extreme dimension овие две ептен ги виткаат трепките со нив ни виткач не користев ама се мн поскапи. Евентуално да пробаш на тестер од лице место па ако ти се допадне да купиш.
Ja imam i jas taa Essence Lash ama mnogu mi gi lepi trepkite .. Ne e bitna cena samo da si najdam maskara kako sto treba. A kade gi ima ovie drugive sto mi gi nabroja da gi poglednam? Baram maskara sto ke mi gi vitka trepkite a ne da mi gi lepi i da stavam 2 3 sloja i pak ne svitkani.
И виткач обавезно да користиш Овие што ги набројав Диор имсш во fabu парфимерија и во Космо тинекс.Таа на MAC во нивната продавница во Сити мол
Не сум од Ск ама следно идење ќе си ги купам. А каков виткач коростиш, јас имам дома еден ама ич не е добар.. Користам ама не знам колку е квалитетен тој што го имам,пошто не ми ги подига некако.
Омилен бренд ми е Есенс за маскари. Уште оваа ја немам пробано false lash effect , но ќе боде следен пат. Досега ниту една не ме разочарала, задоволна сум од есенс, особено од сината,водоотпорна. Бодејќи кога се потам не сум црна под очите исто така и дава волумен.