Ако оваа си ја пробала , исто ти ја препорачувам и таа зелената од Есенс, Лаш принцес и од таа имав ставано слики овде
За мене најдобрата маскара што сум ја користела е "Lancôme Hypnôse Mascara". Скроз ми вреди за парите (во странство е многу поевтина). Исто и од Kiko Milano имаше некоја добра, со сива опаковка.
Оваа најчесто ја купувам.Предобро си ја врши работата. Мене повеќе ми се допаѓа водоотпорната верзија од оваа.
Јас ги гледав и на Боржуа и Арт деко. Од боржуа ја имам пробано само белата за осетливи очи што е. Другите не знам какви се, ако пробал некој нека пише. И за таа новата на мејбилин ѓе интересира
@jacqueline.s да да ја видов и оваа на штандот , може да ја пробам нареден пат. Да не ја отворал некој случајно претходно @Kimberly11 Кога ќе ја пробаш ќе ми кажеш мислење од Буржуа имам пробано некои , но некако не сум нешто задоволна, премногу ми се воденасти на почеток, кога ќе се засушат се нешто подобри @Hija.de.la.luna од скапиве скоро се имам пробано и некои што ми оставиле добар впечатпк се YSLthe shock, Dior iconic , другото се просечно ми е, а на 4-5 месеци менувам маскари така да не ми се исплати воопшто. Оваа на Ланком не сум ја пробала
Јас ја имам во мини пакување, ја добив во комплет со La vie est belle парфемот и лосион за тело. За никаде е. Воопшто не ми се допадна..
Значи сепак е индивидуално. Различна густина и должина на трепки, кај секого различно ќе изгледа истата маскара. Извини на тебе се надоврзав Јас ја зедов таа од Коритсаки па ќе видиме. Ама и да не се погоди за таа цена, нема да ми е жал што сум ја утнала
Ееее баш баш.. Оваа од Ланком не ми дава ништо, не знам дали е до тоа дека беше мини паковче или што, ама имам долги природни трепки, требаше барем да се познава дека имам маскара, наместо тоа ми се срона целата по капаци. Лаш Принцес е 100% најјјјјј маскара. Не за џабе толку ја фалат.
Залепена беше, не личеше на отворена, а и поназад ја зедов, ама кој знае. Инаку убава си е, додадов течност за леќи неколку капки, се опрај. Инаку ко две маскари да имаш е баш, различен ефект даваат двете страни, во комбинација е лудница.
Сега кога спомна, дека во пакување ја имаше добиено, сега ми текна дека пред две год ја имав исто така овој сет беше Ама не се сеќавам стварно дали бев задоволна , најверојатно не штом не сум зборела нешто за маскарава @jacqueline.s фала ти, следна ми е на список за пробување
На Мек ја имам оваа, убава е ги расчешлува трепките, но не ми стигна на ред за користење Засега новава на Мејбилајн ми е врв!
Ја имав и оваа од Мек користено еднаш, подобра е од новата, дава волумен ама пак треба да се внимава колку ќе се стави зошто и оваа ги слепува трепките. Четката и собира доста од производот внатре , пред да нанесеш слој колку можеш исчисти ја четката
Првата на мек ја имам користено пред неколку години. Добра маскара е многу ама не ми се свиѓаше што на пример кога е ладно времето мене очите ми солзат и ќе ми се растечеше црно подочите од неа.