Не се сеќавам точно ама 500 и нешто мислам ја зедов, но искрено подобра е Лаш Сензејшнал ја имам и едната и другата и искрено не би ја купила повторно.
Редовна цена и е околу 500, нешто на попуст ја имам начекано. Засега најдобра од сите што ги имам користено
Има две врсти маскари - за мали и големи трепки, така што кога купувате маскари имајте во предвид бидејќи секоја четка е различна. Освен тоа, нe секој може да користи иста маскара. Најдобри според мене: За мали трепки : - Catrice Eyeconista златната (маана брзо се суши ) - Catrice eyeconista плавата водоотпорната идеална за лето. - Essence lash princess зелената ( бавно се суши,речиси ич). - Maybeline розевата одлична ( манаа брзо се суши. Од Catrice eyeconista ја имам и сребрената но сеуште ја немам пробано, додуша само на тие четири би се навраќала и нема потреба да се фрлаат пари на скапи маскари.
Слободно и секогаш кога купувате маскара гледајте ги четките,дали ви се допаѓаат,дали ќе ви ги фатат најситните влакненца на почеток на окото што сѐ. Пак ќе напоменам не секоја маскара одговара за сечие око.
Јас иако имам големи трепки, таа на Catrice eyeconista , Essence lash princess и оваа сега на Essence погоре што ставив слика уште дупло поголеми ми ги правеа трепките. а па ич не можам со големите четки, и ми се копира горе маскарата, и не ми се нанесува ко што треба. Според мене повеќе врска има дали четката е силиконска или не и дали е мн течна маскарата внатре. Имав една на Mua , loaded mascara се вика, катастрофа жива
Мене Eyeconista на Catrice не ме воодушеви нешто многу, само четката ми се допадна зашто ептен ми одговараат вакви заоблени четки како лажичка. Ефектот онака, ама толку ми се ронеше под очите, башка и пребрзо се исуши, воопшто не ми остави убав впечаток. Ама овие новите ми се видоа интересни, па си реков ќе пробам со нив. Ја зедов Lift up водоотпорната. Вака од неколку користења баш ми е погодена, преубаво ги раздвојува и најситните трепчиња, не прави грутки и дава одличен волумен. Околу издолжувањето не сум баш меродавна да коментирам зашто трепките природно ми се долги, ама кога веќе почнуваат премногу да ми сметаат на очилата, јасно ми е дека маскарата ги направила уште подолги. И кај оваа формулата некако ептен сувкаста ми е, најверојатно дека сум навикната на потечни маскари, ама се надевам дека нема да стане неупотреблива за неполн месец како претходната. Засега навистина ми е одлична. Лесно се постигнува убав изглед на трепките и лесно се отстранува. Без разлика што е водоотпорна, не ми паѓаат пола трепки на едно вадење баш лесно се чисти од очите. Ако не се исуши за брзо, пак би ја купила зашто и цената е доста пристојна, 320 денари.
Одамна сакам да ја пробам маскарава и се некако кога ќе отидам у дм не сум ја земала којзнае зошто. Ме убеди, следно идење да ја земам обавезно. А, имаат разлика плавата или црвената, некоја поубав ефект да не дава нешто?
За жал ќе ти се исуши брзо. Јас ја користев обичната и стварно е одлична, ама брзо се суши. А од се што сум користела до сега најмногу ми одговара четката и како убаво ми ги прави трепките зошто и јас имам долги трепки и од други маскари многу ми се слепуваат.
Да, за жал и јас така мислам, ама ете магично се надевам дека овој пат ќе потрае барем два месеци. Никогаш не ме излажал првиот впечаток, ама тоа е. Само штета, зашто имаат навистина добри четки, па и цената им е сосем во ред. Уште формулата да си ја средат и би било совршено сè. Не знам, веројатно разликата е само во тоа што сината е водоотпорна, а оваа другава класична. Мене обичните од Catrice сите ми се ронат под очите, водоотпорните ми се допаѓаат повеќе.
Веројатно има врска типот на четка. И таа на гр сребрената со силиконска четка ми се исуши побрзо од други маскари
Да не сум покусо ја земав оваа и јас, ама од сите маскари на Есенс само оваа не ми се погоди. Да не треба да се засуши? Или кај тебе од прво ставање е убава. Кај тебе трепките ги прави многу убави.
Мене ми беше се нормално кога ја отворив , ни сува ни течна. Убава ми е од првото ставање. Тебе ептен течна ли ти е?
Па не е којзнае колку течна ама скоро и ништо не направи на трепките, вчера прв пат ја пробав, ќе пробам денес да видам како ќе биде.
Јас ја имам точно 2 месеци водоотпорната на Катрис lift up и можам да кажам дека е веќе сува. Единствено добро е што лесно се отстранува како за водоотпорна маскара и не се пресликува на горниот капак, ама па ми се пресликува доле под долните трепки, иако не ставам таму Јас би ја оценила 8/10. Најверојатно пак би ја зела, затоа што подобра опција засега не гледам. Уште не можам да ја прежалам Мејбилајн lash sensational што ѝ ја сменија формулата и премногу ми се размачкува.
И јас ја зедов на Catrice Lift up црвената, на почетокот беше океј, ама за брзо се исуши и воопшто не сум задоволна, не би ја купила пак. Според мене не се споредува со Eyeconista златната, досега таа ми е најдобра маскара. (Мада во зима сите ми се пресликуваат долу, ама не користам водоотпорни..) Е сега барам добар виткач за трепки, пишете препораки.