Во моментов е на попуст во Космо, 397 денари. Ако некоја ја земе, нека каже каква е. Мене баш ми се допаѓа четката, би ѝ дала шанса некогаш.
Женски кажувајте некоја добра маскара може до кај 1000 денари. Да ги чешла убаво трепките без да ги лепи и волумен да дава. Само не од есенс затоа што имам пробано од нив, а сакам нешто друго да пробам.
Преска ја земав и веднаш ја пробав. Ко за толку што ми ја пофалија, искрено и не ме воодушиви баш. Некако како да ми ги слепи трепките, што не е случај со зелената од истава линија. И не ми го даде посакуваниот волумен. Дури кога нанесов, изгледа дека доста течна, ми се подразмачка и преслика во зоната на долните трепки. Малку ми е криво оти се двоумев дали да ја земам оваа или на Mabyline Sky Hight па си реков ај оваа ипак е дупло поевтина ама згрешив . Можеби ќе биде подобра малку кога ќе се подзасуши.
Прво, второ, ставање на овие маскари скоро секогаш е разочарувачко, потоа се подзасушуват и супер се. Се надевам и тебе ќе ти се погоди. Мене на Есенс ми се топ и не ги менувам за ништо. За ефтини пари супер маскара
Исто искуство со плавата маскара од оваа линија. Но, откако се подзасуши после месец дена малку подобра е сега, подобро изгледа кога ќе се нанесе, па ќе ја дотрошам сепак. Жал ми е да фрлам шминка така неистрошена, па и најдов решение вака на маскарава. Јас некое време од маскариве на Есенс ќе паузирам, мислам дека се "презаситив" од нив, уште оваа плавата да ја завршам.
Јас ја пробав маскарата на Mac истата што ја има @koritsaki Не сум нешто воодушевена во однос на интензивната боја, но како ги чешла и ги фаќа најситните трепки на крајот Четчето е многу убаво. Ја земав таа малата верзија (micro). Ова ми е прва маскара од Mac така да,би ја оценила 8/10.
Да, сега е подобра од тогаш кога јас ја отворив , не треба да се нанесува повеќе од два слоја зошто тешко се вади. И со масло кога ја вадам нешто пак ќе остане..
@buba4e89 Ќе кажеш за вадењево , како ќе ја извадиш Баш после ќе излезам ќе ја пробам и веднаш ќе пишам
@Dream-Girl Ја пробав маскарата на Мејбилин , вака ок е ама не сум воодушевена нешто да бидам искрена. Може ако се засуши да биде подобра, дава само некој минимален волумен. Слаби им се маскариве на Мејбилин. Нема шанси ниедна од нив на Есенс да ги замени
Претпоставував дека нема да е убава зошто и од други маскари на Мејбилајн не сум била задоволна... Ја и од Есенс не сум задоволна, не ги купувам више. Значи на Catrice да си се вратам, засега најдобро ми се покажаа они...
Ја пробав и јас маскарата на Maybelline новата. Ништо посебно искрено, ама не е лоша. Можеле многу подобро. Следна би купила на Mac, Lancome, Artdeco или Dior. Ако сте пробале пишете ми. Фрлам пари за маскари ако треба само убави да ми се трепкиве