Не сум. Предлог некоја? Ги има повеќе, не знам од која да почнам. На претходните страни видов неколку предлози, но моментално поважно од тоа какви ги прави трепките ми е да не се пресликува. Фала
Catrice lash changer waterproof е предобра! Само што купив второ пакување, а ретко се враќам на иста маскара.
Ја пробав, ставив веќе неколку пати и некако што знам, сè уште формулирам впечатоци. Засега оваа што ја зборевме од Catrice многу повеќе ми се допаѓа, ама ете оставам простор и оваа да се покаже кога ќе се подзасуши малку. Од оваа на Essence дефинитивно ми требаат неколку слоеви за да постигнам изглед каков што сакам. Повеќе издолжува и витка, трепките ми се и онака долги, со маскарава стануваат огромни. А волуменот онака, не е нешто со 1-2 слоеви. Сепак би рекла дека дава некој поприроден изглед. Фино ги раздвојува трепките, само формулата е некако „потенка“, барем во споредба со Lift up. Не се размачкува и се вади супер-лесно. Засега толку, ќе видиме што сонце ќе ја огрее понатака.
Може слика како изгледа? Барам маскара ама немам користено водоотпорни и некако скептик сум да не се вади тешко или да ми опаднат трепките при ваѓање. Како ти се чини во тој поглед?
Дали имате проблем со водоотпорните премногу да ги слепуваат трепките? Пред 2 години земав од есенс, принцес, чинам зелена беше ама ми ги слепуваше и изгледаше како да имам по 3 големи шпица место трепки. Сега сакам да пробам пак ама не знам која да ја земам. Од есенс таа белата ми е перфектен резултат ама за неколку часа шетам како панда
Моментално ја користам Catrice Glam & Doll водоотпорната. Презадоволна сум, не се размачкува, ти издолжува трепките и дава волумен, и не ги слепува. Ист ефект има со обичната, неводоотпорната виолетова амбалажа, и од неа бев задоволна само ми пресликуваше на потопло време. Претходно ја користев и оваа на Essence, убава е и таа, но од Catrice сум позадоволна.
ИТНО ДЕВОЈКИ..дали сте ги користеле бустерот за трепки и кофеинскиот серум ако да ве молам споделете искуство...Благодарам однапред
Чупиња од која водоотпорна маскара сте задоволни со понормална цена? Да им даде волумен, издолжување и црна боја, ама да не сум ко панда во очите.
До колку отприлика ти одговара да биде цената? Ако е до кај 300 денари, еве можеш да ја пробаш оваа од Catrice што ја пофаливме сите, Lift it up. Сино е пакувањето на водоотпорната верзија, пастелно сина боја. 320 денари е и навистина одлична маскара. Мене ми се свиѓа и оваа од Essence што ја пофалив, таа беше мислам 265 денари во ДМ маркет, така нешто. 100% сум сигурна дека редовната цена ѝ беше под 300 денари. Double trouble се вика, четкичката е пола-пола и многу е необична. Пола со силиконски влакненца, пола класични. Вака по некоја недела активна употреба би рекла дека е навистина солидна. Малку треба да се поработи со четката за да се добие посакуваниот ефект, ама многу добро ги раздвојува трепките. Споредено со оваа погоре на Catrice, малку потешко се вади Essence, ама не е нешто страшно. Не ги кубе трепките како некои други водоотпорни маскари. Други навистина не знам, ако некоја најде нешто интересно со прифатлива цена - споделете, долго е летото, ќе имаме прилика да ги тестираме сите.
Која маскара е добра замена за essence i love extreme? Имам кратки и прави трепки, оваа е единствена која ми ги задржува и издолжува, но премногу ми се пренесува под очите. Се навикнав дека постојано сум како панда. Дали некој има слично искуство и замена?
Да потврдам официјално и јас дека новите маскари од Catrice се убави. Неколку дена веќе ја користам оваа маскара и многу ми се свиѓа. Не се пресликува, не се рони, не ги згрутчува трепките, убаво ги расчешлува и иако е водоотпорна, пак лесно се вади со мицеларна. За разлика од водоотпорните на Essence со кои јас искрено мака мачев да ги извадам. Многу потсетува маскарава на Eyeconista ама како во подобра верзија. Тие ми се размачкуваа на топло и маска кога носев. А, ефектот е ист за трепките, така да добро е што ја подобриле. Eyeconista многу ми се свиѓаше и ептен ми беше криво кога веќе не можев нигде да ја најдам. Конечно добра замена најдов. Следно оваа сакам да ја пробам. Ја има некој користено веќе?