Препорака за маскара која ги издолжува трепките? Или чаре некое како да ги издолжам бидејќи баш ми се кратки
Ја пробав и Lash Changer Waterproof, искрено ми се допадна, но и таа ми се пресликува. Вчера на топлото се враќам дома и гледам размачкано и под очите и на капаците, а бев во автобус, во банка и дома има што да видам Веќе мислам дека е до топлото и до моите очи, не до самата маскара.
Здраво дали знаете дали има кај нас од маскарите на maybelline high sky водоотпорната верзија и од catrice водоотпорната маскара во мини верзија?
Јас пред скоро време ја земав виолетовата. Трепките ми се кратки; но маскарава ми ги издолжува и прави да изгледаат погусти и подолги. Ми се допаѓа тоа што и по 8+ саати носење не се рони Препорачувам
Пред некое време ја купив маскарава и денес првпат ја отворив, ептен ми се свиѓа, трепките ем ми ги расчешла ем ми ги подигна, супер ефект даде. Само некако е сува, сто пати пробав да соберам од маскарата со четката. Дали е нормално или нешто мојава не е во ред?
Некој ало го интересира четчево на маскарата од Есенц, ок ми беше прошлиот месец сега кога е посува ич волумен не дава.
Здраво на сите. Да препорачате маскара која ги витка трепките? Не ми е важно волумен или слично но сакам кога ќе ставам да ми стојат да речам исправени хахаха. Ви благодарам.
Ми се покажало дека водоотпорните маскари ги држат кренати откако ќе ги извиткаш добро со виткач. Најдобра комбинација ти е водоотпорна маскара со свиркана четка.
Користам и јас виткач но не ми ги држи кренати. Како го користиш виткачот? Доколку користиш. Или ако има некој серум нешто па да ми помогни така.
Секогаш си велам дека не купувам повеќе маскари на Есенс, на крај пак се зезнувам и пак исто. Задоволна бев единствено од оваа Double trouble, ама не би ја купила пак. Оваа ја купив, сакам вакви свиткани четки, ама маскарата има доста лоша формула. Дава одличен волумен и одлично ги издолжува трепките, ама како се пресликува, коментар немам. Панда. Башка што, за 189 денари, ефектот што го дава маскарава е лудило. Шета што се пресликува и што нема барем водоотпорна верзија. И оваа не би ја купила пак, а дефинитивно ќе ги одминувам маскарите на Есенс зашто едноставно не ни е судено.
Делам исто мислење за нивниве маскари. Преубав волумен даваат, но затоа какво црно оставаат под очи, штета.
Јас немам ваков проблем со овие, ни со други на Есенс. Дали ги оставате да се потсушат пред употреба? На некои тоа им помага за да не им се размачка.
Како што и онака е сува формулата, уште да се досуши ѝ фали. Не мислам дека ќе помогне нешто вакво во случајов, баш напротив - маскарава како ќе се суши, така повеќе и ќе се рони и пресликува под очите. Нема да биде исклучок ни оваа и ништо нема да ја опраи, едноставно тоа е, не ми се свиѓа.