Јас ја имам плавата lash princess и не ми се пресликува освен што никаков волумен не ми дава и не ги подига, а имам долги трепки. А очекував многу повеќе зашто се зборуваше по интернет дека е добра
На Лореал ми се најдобри, не ги менувам со години. Еден период користев и од Мејбилајн, сега не ми се допаѓаат.
Маскарава ја добив на поклон, и е слична на таа што ја имав од Орифлеим со розево четче. Многу добра маскара беше таа, но и оваа не е лоша. Им дава волумен на трепките само нема интензивна боја. Четчето е одлично, не ги сплеткува.
Јас дојдов оваа маскара да ја пофалам- ефтина е, а презадоволна сум. Не прави грутки и не ги лепи трепките. Ставам еден слој и сосема доволно ми е за да ги поткрене, да им даде волумен и боја. За секојдневна употреба е супер и изгледа многу природно. Нареден пат здравје, на листата ми е L'oreal Telescopic.
Дали кај нас некаде ја има оваа маскара? Тврдат дека е tubing маскара, што заштитува од размачкување, а лесно се отстранува. Денес го дознав поимот tubing mascara и ми делува ветувачки. Исто така дали знаете некој друг бренд што е достапен кај нас да има таков тип маскара?
Jас па, воопшто не сум задоволна од оваа на Есенс зелената. Ми беше останато во глава дека ја имате доста многу фалено овде и ајде немав од "мојата" па реков ќе ја пробам. Никогаш не сум имала проблем со маскари да ми се пресликуваат или ронат под очи, ниту па имам мрсни капаци или што и да е, за да придонесе да се случува тоа. После саат време од нанесување јас сум панда. Не оспорувам дека дава добар изглед на трепките ама биг НОУ и е ова што ми се пресликува и рони. Ене ја сега и се мерачам да ја фрлам во канта.