Maybelline Sky High ми се допаѓа, ја отворив пред неколку дена и досега е добра. Ја купив на попуст кога беше, чудна ми е четката малце, ама маскарата е одлична. Бар за моиве трепки. Maybelline со маскарите кај мене немаат утка, секако со години ја користам Lash Sensational. Од Lash Princess не сум задоволна, ми се пресликува и рони. Од тие така поевтините Eyeconista беше ок, ама ја нема, исто добра ми се покажа и Curl'n'Hold на Essence.
И за моите трепки маскарите на Maybelline се најдобар избор од дрогериските брендови. Никој друг бренд не ми се допаѓа до толку за да се вратам и по втор пат да купам иста маскара. Баш истава Sky High ја користам и јас веќе некое време, ефектот е прекрасен. Би рекла дека од прва повеќе издолжува и раздвојува, не е многу упадлива во смисол - не се познава слојот на самите трепки за да изгледаат како болдирани (мене тоа воопшто не ми се допаѓа), не го дава тој ефект. Но со самото прецизно раздвојување и на најситните трепчиња, се добива одличен волумен, така што, за мене е скроз погодена во секоја смисла.
Sky High розевата ја земав да ја пробам. Ме прелажа попустот Прв пат користам ваква четка, што не е статична трепките ми ги издолжи до прекосутра, ги расчешлува баш убаво, ама со еден слој ми е за денска шема. Втор слој не ставам никогаш, не ми се допаѓа ефектот, тука пробав и втор слој ама ништо посебно. Очекував мааалце поцрно да остава и можеби по драматичен изглед, Ама очигледно двете работи кај една маскара не можам да ги добијам. Сепак Лаш принцес зелената за мене е број 1 се уште.
Ја зедов High Sky црната и засега ми е поубава од розевата, мислам четчето дека е послабо (не ја споредив баш). Инаку досега Lash Sensational ми е најубава, а Catrice во портокалово/црвено паковање воопшто не ми се допадна.
Дали на зима ви стануваат погусти маскарите? Кај мене секоја зима едвај ги нанесувам, ми ги слепуваат трепките, со повеќе маскари вака ми се случува.
Предлог за маскара за повеќе волумен? Моите природни трепки се мали. И 3 слоја да ставам едвај ми се приметува.
И јас ја користам неколку недели и навистина е убава, ефектот е постојан и воопшто не се рони, ниту размачкува. А ја носам по минимум 10ч на ден. Само малку потешко се мие, иако користам маслен отстранувач. Дали и вие го имате истиот проблем?
Немам воопшто проблем со маскарата, за отстранување користам мицеларна на Леврана, после мијам лице со пена со витамин Ц, што ја користам и на очи. Мицеларната вади се, пената ако има нешто останато. Е сега, пошто мојава не е водоотпорна, можеби затоа полесно се вади?