Коректор ако користите, да не ви се пресликува поради тоа. Јас maybelline (fit me) коректор зедов последно и приметив дека од него имам таков проблем
Кога ќе размислам и мене некако ми се совпаѓа периодот кога почна пресликувањето и промената на коректорот. Ама пак конечно најдов нешто добро за моите ужасни подочњаци aura touch up pro го користам. Баш ќе пробам еднаш без коректор да видам дали ќе има разлика.
Не користам коректор само течна пудра и во прав, конкретно зборувам за maybeline lash sensational, ја користам повеќе години и ми беше предобра се колнев во маскарата, но во последно време ова ми се случува
Препорака за маскара од голден роуз? Инаку и мене некогаш така ми се пресликуваама обично на почеток кога ќе почнам нова маскара, па малку кога ќе се исуши ок е.
Имам големи трепки па немам потреба од маскара.За свечени пригоди ставам и ја користам маскарата на Golden rose cat walk портокаловата.
Дали приметувате некоја разлика во маскарите на есенс? Лаш принцес ми беа предобри, но во последно време, за кратко после нанесување, како панда сум во очите. Порано не беше вака. Препорака за некоја со сличен ефект како зелената?
Јас порано и не ми се допаѓаше последно кога ја купив, како да и сменија составот. Ми ги слепуваше трепките, почна да се размачкува и не даваше некој уау изглед на трепките.