Јас би ти ја препорачала маскарата на Maybelline- The colossal volum' express прекрасна е и ја платив околу 500ден, но зависи и тоа дали сакаш повеќе волумен, должина или извиткување на трепките. Исто така добра е и од Oriflame на Giordani.
Фала многу на одговорите женски. Сакам за волумен, и за виткање.. Се на се, изгледа првата ке ја земам.Во секој случај двете се прекрасни
Ја купив пред некој ден оваа на Maybelline и сум презадоволна. Најдобра маскара до сега што ја имам користено. Ефтина, а квалитетна. Џабе Collistar 30 евра, се исуши по три пати ставање. Мислам и тука бајаги ја фалевте, оваа на Maybelline. Мојата е баш ваква, 100% Black.
Многу добра маскара а цена не знам затоа што мајками ја купи заедно со некои кремови за дневна и ноќна употреба а маскарата беше гратис...многу убава!! Долги извиткани густи трепки 3 во 1.
Врвни козметички куќи рекламираат маскари со модели со вештачки трепавици. Срамота. Девојки и жени, до кога ке не лажат. За среќа постојат вакви форуми на кои можеме да си размениме искуства со одредени производи.
Супер Шок од Авон е феноменална за моите трепки (имам долги, а ретки). Сварно дава волумен,а и ги издолжува. Арно ама ја нема во новиот каталог Чаре? Предложите ми некоја слична маскара, за поголем волумен а да не е ногу скапа. До 500 денара давам, повеќе јок
maxfactor masterpiece 5 ml vo zlatno pakovanje ,можам да кажам дека како скоро вештачки ми се трепките со неа а природно ми се многу кратки и ретки и има само една маана ми се троши за 2-3 недели,и ако можи да ми препорачате некоја добра водоотпорна, фала
пред некое време и купив на другарка за роденден поклон маскара со пудра од Макс Фактор ,комплет 870 денари ( само маскарата е толку,а пудрата гратис ),а потоа си земав и за мене,и преубави се
Перфекција од маскара, ужас цена али нема подобра, плус трае и трае. А исто преубава маскара за малце пари, Golden Rose, околу 300 ден., одлична е.
Од тука што читав коментари сите ја фалеа жолтата маскара од Maybelline и решив таа да ја земам али не знам како можеше да не прочитам дека е водоотпорна маскарата , а такви највише мрзам зашто хорор е навечер кога се мијам (ств маскарата е преубава али морам да си ги вадам трепките за да ги исчистам) Сега ќе земам обична маскара и ке ги сменам четкичките додека да откријам како да ги чистам трепките од водоотпорна Ако знаете некое средство пишете цел живот ке ви бидам благодарна
^ Јас имам слушнато дека водоотпорната маскара обично ги прави поубави трепките од обичната..е сега да, тешка е за чистење..но не верувам дека постои некое посебно чаре.. јас си префериран обични маскари, водоотпорна можеби само за некои посебни пригоди, и подолги, матура, свадба, или некоја долга нок/ден, инаку вака 99% си користам неводоотпорна.