Околу 350 мислам беше. Не ми се пресликува а обично имам таков проблем. Позитивно бев изненадена на прво користење, а онака на среќа ја земав. Користев макс фактор претходна и многу грдо мирисаше.
Одлично, фала Вајолет. Ќе ја земам обавезно. Не бев фан на Catrice маакарите сè додека не ја открив Lift up, па штом е слична оваа би требало да ми се допадне. Ќе пишам баш.
Денеска бев да ја земам Лореал телескопик маскарата но немаше и ја зедов оваа на Catrice. Можам да кажам дека за толку ефтини пари супер ми испаднаа трепките, ми ги издигна малку нагоре и не ми ги залепи една со друга како шо ми праеше мајбелајн скај хај. Навистина сум изненадена. Its a yes from me.
Подалеку од ова сра*е. Залудно потрошени пари. Нити дава волумен, нити должина. Не остава интензивна боја ниту со три слоја. Се пресликува и размачкува додека се нанесува. Дефинитивно треба да има по строги проверки што се продава и да ги забранат глупостите од овој тип. Не за друго, сега повторно треба да губам време и да одам пак по маскара.
Јас се мислев помеѓу оваа и другата погоре шо ја објавив и не ја зедов оваа само поради глупавата четка. Значи не сум згрешила.
Ич не си згрешила, значи врска нема. Со три слоја едвај се познава дека си ставил маскара. Плус се размачкува. Многу ме изнервира, таман помислив добра ќе биде а испадна катастрофа.
Лелее а толку ја фалат по интернет.... а мене сите производи од лореал ми се погодени па си викав да ја земам и маскарата...
Кажете ми маскара која ќе даде густина и ќе ги извитка трепките.За должина не ми е потребно природно ми се долги.Ја земав sky high ама мислам дека не е тоа што го барам јас.
Lash sensational Maybelline, или црвената металик од Голден Роуз. Искрено за да ги извитка трепките ако имаш попуштени трепки можеби треба да користиш lash curler
Дефинитивно виткачот менува многу, се сложувам со @Selena01. Пробај да ги виткаш пред да нанесеш маскара, со виткачот позициониран блиску до коренот на трепките (ама внимателно). Потоа стави еден многу тенок слој маскара, почекај малку да се засуши и пак нежно стисни ги со виткачот, но овој пат постави го меѓу средината и врвот на трепките, не знам како да опишам, ама понапред да ги стиснеш. Внимавај ептен да не се прецвикаат, стави втор слој маскара и малку така почешлај ги со самото четче од маскарата за да се раздвојат убаво и тоа отприлика. Јас така правев еден период кога сакав трепките да имаат убав лак нагоре и убаво изгледаа. Сега ми е премногу замарање искрено, ама и немам некоја потреба...ептен за некоја пригода ако ми треба да се извиткани зашто не сакам да ставам вештачки трепки.
Ја купив новата од Catrice - pure false lash и кај мене доста се пресликува под очите. Ефектот е супер, фино ги разделува трепките и четката ми се допаѓа многу. Формулата ми изгледа малку посува, па ќе видиме колку ќе трае. Криво ми е што не ја зедов водоотпорната, ама бидна работа. Не знам дали би ја купила пак, ќе видам. Ќе ѝ дадам уште некое време шанса да се покаже, па ќе видиме.
Баш ми е жал што ти се пресликува. И јас обично го имам тој проблем ама еве кај мене не се пресликува. Мене пак ми се допаѓа што е посува.
Лореал Telescopic е многу пристојна маскара ја има у ДМ сигурно а ако има кој да ти ја донесе од негде пошто кај нас ја нема на Benefit Bang маскарата е топ. Малку поскапа ама вреди.
И јас сакам посува формула кај маскарите, само се плашам да не се исуши многу брзо. Твојата сè уште добро се држи? Се надевам ќе биде добра бар два месеци. А за следен пат дефинитивно би ја купила водоотпорната. Мислам дека повеќе ќе ми одговара, ама ајде ќе видиме. Баш ќе споделам.
@Бела Луна мене прв пат да не ми се допадне некоја маскара од Лореал т.е Телескопик, воопшто не ми се допадна. Може кога ќе се засуши е подобра, јас воопшто не можев и ја фрлив. А Бенефит да, сите ги имам пробано и навистина се супер , ролер лаш е најдобра од нивните според мене.