Ѕирни ја pure volume lash, таа е водоотпорна. Таман ако ти фати око, ќе кажеш дали следниот пат да ја купам неа. Шала на страна, pure false lash навистина е добра, се надевам исто е и со останатите од линијата. Ефектот со еден слој е доста природен, но многу лесно се надоградува и крајниот резултат баш ми се допаѓа.
Не издржав и ја купив веднаш Pure volume lash. Ми се допаѓа, убаво ги расчешлува и ги крева трепките. Повеќе дава должина отколку волумен, но со неколку слоја може да се добие подраматичен изглед. Ми се допаѓа и четката бидејќи е потенка па имам поголема контрола. И најважното за мене, не ми се пресликува. Има и подобри маскари доколу некоја бара повеќе волумен, но за таа цена е одлична.
Сега уште повеќе сакам да ја пробам и неа. Фала што сподели, ќе пишам и јас кога ќе ја земам. Баш ме интересира како ќе се покаже.
Од Мејбилајн Sureal уште од прво ставање толку ми се слепија трепкиве и колку да ги чистам не можам да ги одлепам. Мислев само мене ми се случува тоа. Не би ја земала пак.
Луѓе, скоро почнав да ги виткам трепките со тоа за виткање, али кога ставам маскара одма се одвиткуват и пак надоле штрчат. Шо да праам бе више, ми се плаче Некој гел ли да им ставам ли шо за да бидат свиткани нагоре, не бива ова веќе, сите пари по маскари си ги дадов и ништо не помага. Само не ми зборувајте за салони, неам време
Јас откако ќе завршам со се, ставам малку пудра во прав на виткачот и проаѓам пак. Го видов триков некаде на инста и ми помага.
Не, ама ќе пробам како членката шо ми кажа погоре, да стаам пудра во прав и да ги завиткам пак. Е и тоа ако не бива ќе зеам ќе ги сечам скроз и така не се гледат ич