Ако имаш долги и густи трепки, би ти ја препорачала оваа, не ги лепи трепките, ги извиткува, не се рони, и многу лесно се вади. Јас иам мали, мене тешко да ми се погоде маскара ама оваа многу ми се допадна
Даа, фала ти, не се шминкам и си ги трљам очите често и со обична маскара трепките ќе си ги одлепам. Вака нешто само да ми ги оддели и подигне нагоре малку, плус мислам може и за средување веѓи таа да се користи.
Кафенава не, ја користам црната. Многу добра имитација на maybelline sky high. Јас сум многу задоволна. Истиот ефект го добивам, а е поевтина.
За тие пари, подобро која било од Maybelline. Телескопик на времето беше сосем солидна (повеќе за издолжување него ли за волумен), ама квалитетот воопшто не е ист ко што беше. Мислам дека оваа и 2000 calorie на Макс Фактор се убедливо најунаказените маскари. Одамна ја немам пробано Million lashes, не знам дали и нејзе ѝ ја смениле формулата и ја упропастиле. Е таа, стварно беше одлична ама којзнае каква станала сега.
Јас ја имам joyful holiday мини маскарата ја зедов во сет со мицеларна. Маскарата е солидна не е нешто wow ама не е и лоша. Ги издолжува не ги лепи. Зависи што очекуваш. За мене дефинитивно нема подобра од lash sensational na Maybelline.
А да ми препорачате некоја за волумен? Од сите шо сум ги користела досега само ми ги истакнувале во должина, волумен ич.
Јас ја користам во моментов златната телескопик и ми е погодена. Имам ретки трепки а само оваа маскара е со таква четка што ми ги издолжува и не ми ги лепи. И најбитното, не се рони ко други маскари. Црната телескопик не сум ја користела никогаш, ама сите кажуваат дека не е добра.
Sky high од Maybelline пробај ја. Или овие од Catrice што се за волумен од поновите линии ама. Јас ја имам Pure false lash во моментов и баш сум задоволна од неа.