Која е подобра, loreal panorama, telescopic или sky high? Ми треба само да ми ги држи трепките подигнати, и во дилема сум која да ја земам.
Ја купив да ја пробам иако Sky High баш и не ме воодушеви многу па се вратив на Lash Sensational. Можам да кажам дека ми е подобра од Maybelline,стварно ме изненади одлична е.
Оваа нова ли е, или не е во Мк земаа? Не сум видела до сега кај нас. 2,3 што имам пробано на Есенс сите ми се супер. Имам пробано и поскапи масакри ама ниедна не ми се има погодено како овие.
Да не се зезне некој да ја купи маскарава, да ве предупредам каков ужас е. Денеска ја отворив, ја пробав и дефинитивно се разочарав. Четката е одвратна и гломазна, многу е лоша за нанесување, ги слепува трепките. Вечерва бев излезена и ја носев, цела вечер ми се размачкуваше под очи и пола излегување го поминав бришејќи размачкана маскара. Ја приметив дека се размачкува уште во првите 20 минути пред да излезам, само немав време да бришам шминка и да ја сменам. Едно големо не!
Маскарава на Есенс крш, не прави скоро ништо. Ја земав бидејќи е водоотпорна и ми се свиѓаше четката, ама ептен е природна за мој вкус. А не се размачкува воопшто. Маскарата на Мејбилин е врв! Убаво ги расчешлува и трепките изгледаат исто после 8 часа (толку ја имам носено). Баш дава црна боја и волумен. Воопшто не се пресликува.
Јас па најлошо можно искуство имам со маскарата од Maybelline. Пошо пред тоа ја земав често lash sensational, ,и ај да сменам нешто. И ја земав оваа, ми ги слепи трепките, не се вадеше, си корне трепки додека да ја исчистам. Ретко лошо искуство, можеби е индивидуално.
Maybeline Lash Sensational e tubing mascara односно се отстранува со тоа што се нанесува млака вода на трепките, стои неколку секунди, се повлекува и излегува во вид на цевчиња, без потреба да се тегнат и влечат трепките.
Јас сум задоволна од таа. Многу убаво ги чешла трепките, не ги лепи ич. Штета шо моиве не се виткаат нагоре, многу убаво ќе ми стоеше таа маскара.