Каде ја има оваа на мејбилин и колку пари е ? Јас никако да си погодам маскара. Трепките ми се кратки, ретки и прави
Провери ја Essential High Definition Lift Up & Great Volume Mascara од Golden Rose. И сама дава одличен ефект но ако некогаш треба уште повеќе, ја комбинирам и со други маскари.
Да ми предложите маскара до 500-600 денари? Имам мали трепки и баш се мачам со наоѓање. Ја користев црната на Maybelline Lash Sensational долго време ама многу ми е тешка за вадење после, така да нешто полесно
имаш у дм catrice glam and doll одлична е, јас ја користам водоотпорната али имаш и обична.. а за вадење би ти препорачала од балеа маслото за вадење шминка
Дали некоја од вас користи маскара во боја и ако да, каква? Имам кафени очи, светол тен, бринета. Само црна маскара до сега сум употребувала, ама сакам да сменам. Некој предлог?
Да имам употребувано сината десно на Севентин супер беше И оваа на Радиант. Само толку не се познава на очите, поприродна е бојата
Јас за преку ден ја користам кафената на Есенс и ми се допаѓа ефектот бидејќи имам баш светол тен и не изгледам пренашминкано, а од друга страна дава некоја дефиниција на трпките.
Луѓе, што се случува со Lash Sensational? Да не ја повлекуваат? Не можам да ја најдам во ДМ, само водоотпорната ја имаше а таа не ми се свиѓа.
Некоја слична на essence i love extreme? Mи одговара формулата но четката ми е некако преголема за моите очи...
Во ГТЦ и во ДМ Градски ѕид ја немаше... Ако ме носи патот накај некој друг ДМ, ќе проверам па може ќе ја најдам.