+1 глас за Sky high. Меѓу другите позитивни работи за неа, супер трајна е, а не треба да си ги искорнеш трепките за да ја измиеш.
Ја земав. Најминимално размачкување имаше после цел ден на лице буквално од 5 ипол сабајле до прееска! Само четката ме нервира, некако е мека, нестабилна ама ќе се навикнам Ја имам користено еднаш одамна ама не и дадов нешто многу шанса, слабо се шминкав периодот
Супер, баш ми е драго што ти се допадна. Инаку, како и останатите маскари, поубава ќе биде кога малку ќе се подзасуши.
И јас ја зедов sky high, cosmik black и денес ја аплицирав. Со едно нанесување моите скромни трепки се претворија во лепеза. Навистина одлична маскара, благодарам за препораките. Само имав чувство како потешко да се вади од Catrice виолетовата што ја користев претходно, а не пишува дека e waterproof. Можеби уште не сум навикната.
Која маскара би ми ја препорачале? Имам мали и прави трепки. Ја користев неколку месеци есенс зелената, топ ми беше, али сега сакам да се подновам со некоја друга.
Од сите што ги имам пробано (Essense, Catrice, Golden Rose..) дефинитивно Maybelline Lash Sensational и Sky High. Почесто ја земам Lash Sensational дека е поефтина од другата, а сум исто задоволна.
Ако ја земаш Maybelline Sky High пази да не ја земеш обичната верзија. Јас по грешка ја земав таа и не сум задоволна, ми ги слепува трепките.
Мене оваа маскара не ми се допаѓа воопшто. Се пресликува и размачкува, а и тешко се вади. И некако не ми ги прави трепките убави. Моментално омилена ми е Benefit - Fan Fest и Too faced - Better than sex.
Ги нема во Мк. Бенефит има само во Сефора (најблизу Солун) Таа маскара нова ли е? Порано многу често ги користев Roller lash и Theyre real А и таа на Too faced е супер, ја имам користено
И јас имам мали трепки, ако не ставам маската, како воопшто да немам трепки. Ја користам Sky High и сум задоволна од издолжување и волумен и не ги залепува трепките. На кратки трепки треба внимателно нанесување, а ми се допаѓа што четката е флексибилна, не ми размачкува на очниот капак.
Најдобра маскара која ја имам пробано е maybelline sky high. Не ги слепува трепките, преубаво изгледа и не се пресликува. Ако бараш нешто поевтино essence lash without limits e замена за sky high. Преубаво изгледа, само што не е толку долготрајна како sky high. Омилена ми е периодов.
Нема да ми верувате, ама римел од Стокомак. Да од Стокомак. Нишо не се дешава лошо со очите, луѓе трепките, ни Lush Sensational не ми ги праела такви. Земав од брзање пошо ми беше најблиску. Многу добра. И пигментирана е. Ако сакајте, пробајте. Во жолто паковање е