Се чисти со најобична помада, ама јас веќе никогаш нема да купам водоотпорна. Ме отепаа очите од чешање, мислев дека ми е од алергијата прво, откако ја фрлив маскарата сфатив дека изгледа повеќе од тоа ми е. Инаку побитен е начинот на ставање отколку самата маскара. Сум користела разни, и секогаш ефектот бил ист. Најдобра дефинитивно Исадора, штета што ја нема кај нас.
Јас ја користам False Lash Effect од Мax Factor и сум презадоволна! Трепките ми ги прави преубави, ем подолги ем погусти. Едноставно ја обожавам
Па можат да ме лажат колку што сакаат, и тристо вештачки трепки да стават јас пак ќе кажам, по стоти пат на форумов - од Диор не сум видела ниту имала подобра маскара! Скоро сите ги имам пробано и навистина се Ги прават трепките навистина така што потоа изгледаат небаре вештачки сте ставиле. Не лепат, долго траат. Што повеќе да кажам?! Диор и Ланком еве да ги спомнам, се според мене најдобри и точка .
Се сложувам со Phyramide без разлика колку и да се лажни рекламите, сепак има квалитетни маскари кои навистина ги прават трепките лудило Јас декоративна козметика најчесто користам од тоа што ќе ми прати сестра ми од Англија. Последниов пат ми ја донесе Yves Saint Laurent 2 x Mascara Volume Effect Fax Cils две паковања од по 7.5 мл. Значи обезбедена сум за оваа година Маскарава е преубава, ама и поскапичка некаде околу 35/6 фунти мислам дека е. (ама за оваа цена се добиваат 2 маскари) Сепак ќе речам- колку пари- толку музика
Ууу Анџелика, и оваа ја имав Добар избор си направила! Односно сестра ти, поздрав до неа! Баш е така како што се вика маскарава - effet faux cils - ефект на вештачки трепки, верувам дека си задоволна. Со здравје да си ја користиш. Знам дека се претерано скапи маскариве, ама јас се откажав на пример од Лореал - толку ужасно се згрутчуваат после кратко време и лепат, што си реков, па чекај десет пати да ја купам таа поевтината - поарно ќе си нарачам од некој од странство, за да не плаќам по 30ина евра за скапа маскара сепак, еве и 20 да дадам, ама барем знам дека издржува долго. Ок претерано е, знам дека е астрономски скапо и смешно некој за маскара толку да дава, ама...исто ми се фаќа дали ќе дадам за 3 месеци 3 по 8 или еднаш по 20 со тоа што таа за 20 е далеку поквалитетна.
Фала фала Маскарава е прекраснааааа. Ама има мал проблем. Малку потешко се брише. А кога сме веќе кај Lancome имав една (hypnоse drama instant full body volume) и можам да кажам дека вреди со последно пени. Незнам која на Lancome ја корстиш ама оваа би ти ја препорачала
Да, да одлична е и оваа - и доста добри оценки добива насекаде каде што читам reviews. Сега ја користам Dior Extase, а претходно ја имав оваа ти што ја спомнуваш од Ланком, ама понова верзија, Lancome Hypnose Drama. Стварно е перфекција на маскарите. И долго издржува бре, јас се чудам како, ама стварно е така. Не ме прашувај ништо повеќе - фетиш ми се маскарите Треба да ме вработат негде како тестирач, секој нов продукт - јас ќе им го тестирам
Не лажат бе луѓе, на рекламите си пишува со минијатурни букви дека се користат ефекти Плус во рекламите козметичките компании никогаш не велат "оваа маскара ќе ги направи вашите трепки такви", туку на пример "оваа маскара е дизајнирана да ги направи вашите трепки...". Си користат финти и никој ништо не им може. Знам дека Лореал и Римел се соочуваа со тужби за вештачките трепки во рекламите, ама ништо не се смена оттогаш, и не постои реклама за маскара со слика без вештачки трепки. Ќе си стават disclaimer и чисти се, па колку и да не’ нервира нас, рекламите со совршени лица се поуспешни.
MaxFactor според мене се најдобри, ефектот кој го прикажуваат во рекламите изгледа природен и пред се возможен, знам дека сепак реклам си е реклама ама јас си ја користам подолго време и кога прв пат купив чуството беше одлично. Порано користев од Авон ама секогаш маскарата како да ја осеќав на трепките, тежеше а во случај да се растече ненормално пече А за МaxFactor сие супер, баш како што велат некое воздушесто чуство а со четката се поминува многу лесно, ефектот се гледа уште со првиот слој... Ја препорачувам
MaxFactor според мене се најдобри, ефектот кој го прикажуваат во рекламите изгледа природен и пред се возможен, знам дека сепак реклам си е реклама ама јас си ја користам подолго време и кога прв пат купив чуството беше одлично. Порано користев од Авон ама секогаш маскарата како да ја осеќав на трепките, тежеше а во случај да се растече ненормално пече А за МaxFactor сие супер, баш како што велат некое воздушесто чуство а со четката се поминува многу лесно, ефектот се гледа уште со првиот слој... Ја препорачувам
Според мене една од најдобрите маскари на нашиов пазар е maybelline xxl http://cdn1.shopperhive.co.uk/n/maybell ... ascara.jpg http://4.bp.blogspot.com/_bvVvxWTEuSI/R ... ascara.jpg Има две страни, бела и црна. Белата ги исвиткува и издолжува трепките а црната им дава цврстина. Не е многу скапа а навистина е ефикасна. Трае долго време по нанаесувањето и што е најбитно не се растекува и лесна е за вадење.
Погледнете го видеово http://www.youtube.com/watch?v=Vzl9ntDP ... ideo_title маскарата ланком што ја користи првата девојка, со ретки трепки (како моите) изгледа секси таа што дрма ја има ли кај нас? би вложила во неа, ако така ми ги направи трепките
Не ми го отвара видеото па затоа неможев да го видам за каква маскара станува збор, ама прашуваш за маскара која дрма ?! Да да има кај нас поточно во Авон (најнова е ) со 3 брзини на дрмање, јас не сум ја користела, но слушам дека била добра
јас имав таква и не сум баш многу задоволна (можеби бидејќи имам големи трепки) ми ги лепи ине ми се убави...