Panorama дефинитивно нема да ти се пресликува и размачкува, ја користам подолго време, и од мене имаш препорака.
Подобра маскара од оваа немам пробано, многу убави ги прави трепките и ги издолжува, мислам дека беше од Орифлејм ама од порано, ја немам начекано во сегашните каталози.
Мене до сега најпогодени маскари ми биле: -Max factor 2000 calorie (сината и црвената) -Essence lash princess (зелената) Ја купив пред брзо и плавата од Есенс, уште ја немам пробано. Ако имате предлози, ама онака стварно да се добри, пишете. Природните трепки ми се кратки и прави, ретко наоѓам маскари кои ми ги прават трепките да изгледаат густи и долги, а притоа да држат цел ден, без ронење или размачкување.
Лаш принцес водоотпорната на Есенс. Потешко се вади, но барем знам дека нема да ми се преслика. Исто ми помага тоа што добро ги сетирам капаците со камена пудра и проаѓам и на трепките. И на Мејбилин Sky high водоотпорната, но таа многу брзо ми се исуши и отиде во канта.
Која маскара на голден роуз е најдобра за издолжување и подигање на трепки? Или некоја на есенс или катрис? Некоја од тој ранг
Дојдов да се пожалам од Панорама. Имам светли, тенки трепки и буквлно ништо не прави. Никаков волумен не прави, ниту остава убава црна боја. Џабе фрлени пари.
Јас исто незадоволна од Maybelline Sky High Cosmic Black. Не може ни да се спореди со Lash sensational. Демек да пробам нешто ново да сменам, дека lash sensational ја користам со години ама не, кај мене не ја бива. Lash sensational е 100 пати подобра од sky high
Ја користам Maybelline the falsies surreal веќе неколку недели и пријатно сум изненадена од маскарава. Дефинитивно би ја купила повторно, а ќе ѝ дадам шанса и на другата. Има уште една фолсис, во црна тубичка. Разликата веројатно е во бојата, затоа што на оваа другава пишуваше нешто mega black колку што се сеќавам. И обичнава е доволно интензивна, така да, не верувам да има некоја драстична разлика, но ќе се проба во некоја наредна прилика секако. Ама оваа од сликава е врв, многу ми се допаѓа. Единствено ми фали специфичната заоблена четкичка што ја имаше оригиналната falsies, ко лажица. Ма да, ефектот останал ист, трепките со еден нежен слој ми изгледаат ко вештачки. И што е најважно, не ми се пресликува под очите воопшто. Околу 500 денари беше мислам, од ДМ ја купив. На прв поглед би рекла дека е малку скапа, но дефинитивно вреди и не се каам за изборот. Препорачувам.
Јас ја користам моментално оваа на Catrice. Четкичката е мала, ама без разлика многу убаво се нанесува, прецизно и многу убав ефект дава. Имам долги трепки кои тешко се подигаат, со оваа имам супер ефект.
Ја има некој пробано од Golden Rose - Essential, full volume & length, intense black? Претходно имам земано маскари од Golden Rose и со исклучоци, повеќето беа добри, ама оваа е сува - барут. Дали е таква или оваа е некоја од поодамна произведена? Се мислев да ја земам Golden Rose - Essential, Great Curl & Volume Mascara со свиткана четка ама во последен момент ја зедов оваа подолу.
Јас последниве неколку години ги користам маскарите од Rimmel. Ми се допаѓа како прават да ми изгледаат трепките и се доста трајни. Но, не сум подеднакво задоволна од сите нивни маскари. Од синото пакување мислам воопшто не бев задоволна.
Пробана. Подобра од зелената не ми е, ама е доста солидна за таа цена. Не се рони, не се размачкува и трае по цел ден. Имам замерка за четката, буквално секој пат кога ставам, ми оди на горниот капак од окото, гломазна ми е некако. И формулата ми е премногу сува и се мачам дур ја ставам. Исто не им дава доволно должина и густина на трепките. Но за таа смешна цена е топ маскара, земајќи го во предвид фактот што е доста трајна.
Подобра маскара од оваа до сега немам користено, а ја имапе во Стокомак. Имам долги трепки што ниту една маскара не ми ги држи подигнати се додека не ја најдов оваа. Веќе ја нема во Стокомак Би отишла во Полска специјално за да ја најдам маскарава