Препорака за новата маскара на Катрис, конкретно кафената. Не сум фан на големи четки, но оваа баш ми се погоди и воопшто не ми се пресликува, иако не е водоотпорна. Но да напоменам треба 2-3 слоја доколку сакате подраматичен изглед.
Новата маскара на Есенс ми е предобра во однос на волумен и расчешлување на трепки. Некако измеѓу светлата Without limits и зелената Lash princess.
Може ли предлог за маскара што нема да ми се пресликува? До сега имам користено на Essence, Maybelline. Сакам да биде budget friendly, не сум некоја што се шминка секојдневно
Ја купив новата tubing маската на catrice и не ми се допаѓа. Некако ми е течна и не прави ништо на трепките. Се мислев помеѓу таа на есенсе тјубинг и оваа ама не би ја користела уште многу.