Изгледа сè уште никоја не се решила да ја земе маскарава и да ни ја реши дилемата дали е навистина толку добра или фалбите низ Инстаграм се фејк.
Јас ја купив вчера Ќерка ми, 5 годишна денес кога ставив, веднаш забележа и ми рече: мама какви ти се трепките Досега не ми се пресликала под очи, ама поминаа само околу 3 часа. Се забележува разлика, ама кај мене не е како на инстаграм Ја купив во ДМ околу 620 ден.
Искрено, не верувам на рекламите. Сите маскари на Maybelline на реклами се wow, кај мене не даваат баш такви трепки. Мислам, супер си се маскарите, ама не се волшебни, не даваат трепки ако ги немаш А јас ги немам баш многу.
Моите се долги, ама светли. А Лореал Телескопик маскарата на времето само уште повеќе ги издолжуваше моиве трепки. Не дека не беше убава, само јас сакам да добијам волумен, хаха. Оваа новава некако мислам дека нема да ми даде волумен каков што сакам, ама па има заоблена четкичка што би требало убаво да ги раздвојува трепките и некако на два ума сум дали да се проба. Фан сум на вакви четкички и само тоа ме влече кај маскарава.
Добра е, не е лоша, навистина ги издолжува трепките. Но, не знам дали ќе има ефект кај некоја со природно кратки трепки.
За издолжување на трепки абсолутно без конкуренција Телескопик на Лореал, не барајте никоја друга, ја користам моментално и трепките ми стигаат до веѓите многу убаво ги раздвојува но проблемот е што не дава густина и волумен а мене ми требаше нешто баш за тоа, можеби и не се информирав доволно пред да ја земам не проверив баш за што е рекламирана, ама ако бараш специјално за должина, look no further! едит: еве сега гледам на страната и навистина си го прави тоа што го ветува.
Јас нареднава недела ќе ја земам маскарава на Лореал, па ќе пишам мислење. Ќе доаѓам во Македонија па шанса ми е да ја земам. kаде рековте дека е најевтина ?
Да не бидам покусо, и јас ја земав оваа од Лореал Extensionist. Искрено како за дрогеридка многу ми се допадна. Не сум навикната да користам тенки четки. Обично досега се сум користела со подебели четки. Единствена мана моментално е што нанесува многу продукт оддеднаш и морам неколку пати да поминам додека да ги "расчешлам" трепките. И плус со тоа ставам дополнително маскара. Ама мислам кога ќе се подзасуши ќе биде одлична. Јас досега ја користев можеби една година од Lancome Idole маскарата и иако ја исхејтав во еден пост, после се заљубив и мислев нема никогаш да ја сменам. Ама оваа од Лореал е далеку поисплатлива и одлична