@Barbara_barbs денес трет ден ми е со инфекција на окото среќа не ја отворив и пробав. Да ми помине па ќе ја пробам.. @KiT и златната е супер и таа ја користев лани
Од милион лашес наваму немам земамо маскара на лореал. Есенс розовата ми е при крај, пејте луѓе дали издолжува extensionist, вреди ли добра ли е? Кратки трепки имам упм
Јас мислам дека тие со убави трепки секоја маскара им ги прави добри. Сега кај мене со кратки може да ги издолжи малку ама јас воопшто не сакам да ми се пет слоја натрупани и да ми тежи. Моментално ја имам Лореал Volume milion lashes, ок ми е, ама не би ја зела пак. Ми се допага што не ми се рони, не ме прави црна под очите во текот на целиот ден. И друга позитивна работа е што подолго ми трае. Јас сум фан на Есенс маскарите ама реално многу брзо се сушат. Сите ми се добри, освен водоотпорните , кои ниту се водоотпорни ниту убаво ги прават трепките.
Здраво девојки Може да ми кажете за која маскара од Лореал поточно станува збор, сакам да ја земам денес и јас. ❤️
Едвај некако се сликнав. Два слоја ставив од маскарата. Ајде за таа цена што е во ДМ е ок, ама за повеќе мислам и толку не вреди. Четчето ми се допаѓа. Ова е маскарата нова на Loreal Extensionist
Јас би одела со Maybelline Body. И таа е меѓу најновите, а навистина е многу поубава од Лореал најновата. Мене Body ми е поубава од новава Loreal. Плус секако нема утка со Maybelline. Оваа од Лореал ја пробав и јас - жали боже парите. Не ми прави мерак. Премногу течна формула, многу, многу, многу ги слепува трепките. Со еден слој е малку поубава отколку со два, затоа што вториот слој додава "материјал" на веќе слепените трепки и тоа изгледа...ужасно за мој вкус. И за тој еден слој да биде пристоен, треба раце да ми отпаднат од чешлање за да нема слепени снопови. Мислам дека ќе стане малку подобра кога ќе се подзасуши, но претечна е, многу потечна од тазе отворена Maybelline Lash Sensational, па ќе и' треба доста време на Loreal-ов да се засуши. Од четката не сум фасцинирана. Има премногу кратки и тапи ресички и затоа не може да ги раздвојува убаво трепките. Јас сакам кога ми се раздвоени една по една, да добијам лепеза ефект што нема да личи на размачкана торта. Ама тешко тоа со маскарава. Јас не ја препорачувам, сметам дека ниту едно видео не ја доловува точно и реално онаква каква што навистина е. Плус, никоја од фациве што ја фалеа не стави еден, единствен слој за да се види што и како. Според мене, дали некоја маскара е добра или не, се гледа уште со првиот потег на четкичката. Сите знаеме да направиме убави трепки со три и пет слоја маскара, не дека е нешто тешко. Ама првиот слој е најбитен за мене, а кај маскарава ефектот со еден слој е - ќелави трепки, слепени во снопови, претерано долги. Издолжува ептен, ама за која цел со таква лоша формула. Не се пресликува воопшто, тоа е плус, но џабе кога другото е доста слабо. Не би купила Лореал маскара повторно, порадо ќе дадам пари за некој друг бренд. Следна за пробување ќе ми биде некоја од Flormar. Гледам дека направиле некој рибрендинг, па мислам дека вреди да се даде шанса на некоја маскара. Од љубопитство ако не за друго.
А се мислев меѓу Extensionist и Body која да ја земам. Дефинитивно погрешен избор направив, имам лошо искуство со Telescopic на Лореал, а со Maybelline маскарите не сум имала разочарувања. И место да си купам пак проверено, јас се залетав по новото. Памет за друг пат. Мене непребол ми е Total Temptation што не ја прават повеќе.
Од Лореал маскарите, најубава четка има Million lashes. Со ептен, ептен ситни влакненца, многу убаво ги раздвојуваше трепките и даваше прекрасен волумен. Пишувам во минато време затоа што десетима години ја немам купено, не знам дали сè уште држи ниво, ама би била мој избор ако меракот ми е голем да земам нешто од Лореал. А за Maybelline се знае, ретко утка кај нив, особено кај маскарите.
Паа да , ако ме прашувате и јас не знам дали би ја купила, и за поевтини пари може да се најдат супер маскари дефинитивно. Иако еднаш само ја пробав... Мене Catrice Eyeconista ми била врв и не можам да ја преболам..
Јас се откажав од маскари, ниедна не ми ги виткаше трепките, иам пробано и со виткачи, и да ги затоплам, и со фен... не бива и не бива, трепките нонстоп на доле ми паѓаа.... Сега нарачав една кинеска маскара од интернет, многу ја фалат дека била баш за такви "азиски" трепки шо не се виткат како моите. Па ќе видиме како ќе биде
Не сум единствена што не е задоволна од оваа маскара... Мaybelline дефинитивно се на врвот со маскарите.
Потврдувам за Мејбилин. Јас маскара од друг бренд не би земала. Нивните маскари се единствени со кои се познава дека имам трепки. Само мислам дека Lash Sensational повеќе ми се свиѓа од Sky High. Да ја дотрошам и пак ќе си земам Sensational, не ја мењам за ништо. Плус не мрда цел ден, едвај се вади.
Мене оваа дефинитивно ми е фаворит. Инаку за Sky High и мене не ми е нешто посебно, мислам дека е многу е преценета.