Мислам дека сè уште не е донесена кај нас. Ама ако некоја ја види нека извести во темава. Исто и тие што ќе ја пробаат нека пишат впечатоци. Мене на некој рил ми излезе, баш се израдував. Се надевам дека ќе вреди.
Стварно, што е со цените на маскарите во последно време? Сега ја приметив налепницата. Некои поскапи од рандом дрогериска пудра, скроз нереално.
Тјубинг маскарата малку поинаку функционира од класичниве маскари. Се "зафаќа" на трепките како слој, ја обвиткува секоја трепка посебно и треба да прави илузија на густи, волуменозни трепки и не се размачкува под очи. Исто така, многу полесно и поуредно се вади од обичните маскари. Со малку вода излегува од трепките во вид на тенки цилиндри, фактички, паѓа слојот што се направил на самите трепки. И јас ќе и дадам шанса. Ама не би било лошо да ја стават на некој попуст за почеток.
Маскарава ме освои и не е слична на ништо пред тоа што имам користено. Во овој случај цената дефф го оправдува квалитетот...иако е мини пакување долго ми траеше и ќе ја земам пак..
По два месеци од отворање, L'Oreal Extensionist маскарава стана за нијанса подобра. Веројатно се потстегна формулата, се подзасуши, па доста полесно се работи со неа. Веројатно тоа значи дека бавно ќе се суши, ама премногу чекање ми е некако дури дојде моментот да се наштима течноста внатре баш по мој вкус. Сега подобро ги раздвојува трепките, повеќе ми се допаѓа отколку на почеток кога беше тазе отворена. Е ама, еднаш си ја приметив сронета под очи. Не се повтори пак да се преслика, ама ќе видиме. Чисто онака, давам апдејт колку да се најдам на муабет. Не е дека пак би дала 600 денари за неа.
И мене нешто не ме фасцинираше маскарава а имав високи очекувања. Убаво ги разделува трепките ама некако не ми е интензивна бојата
Кај мене ги лепеше премногу, воопшто не бев задоволна на почетокот. Сега е доста подобра, ама истиов ефект што го добивам сега, ако не и подобар, ќе добијам со Lash Sensational од Maybelline, за многу поокеј цена од оваа.
Колку време ја користите оваа маскара? Првиот месец ми беше супер, сега веќе одам со слепени трепки, заправо поради оваа причина пред неколку години се откажав од нивните маскари. На Макс Ф и на Лореал можеби не ми ги прават толку добри ама за еден месец не ми се исплака за маскара која не ја користам секој ден. Плус многу подолго ги користам нивните маскари, дури и на Есенс ми траат подолго.
Дали некој ја има користено тегет панорама? Дали убаво се познава бојата, и како ги прави трепките? Никогаш во боја немам користено, вчера ми излезе видео кај една инфлуенсерка, вака убаво ми стоеше, ама некој со искуство да сподели, таму секако се нај нај фалат
Купив неколку маскари на Golden Rose за проба. Ја пробав на tubing маскарата Longest Lash Tubing Mascara. Не е лоша, дава волумен и релативно лесно се отстранува со тоа што не се отстранува толку како цевчиња туку се растега како гума. Најефективно се отстранува со млака вода и задржување на водата врз трепките додека не омекне маскарата. Ја пробав и Curl Passion Deep Black Mascara. Оваа не е многу по мој вкус. Повеќе сакам волумен, а оваа изгледа е повеќе за издолжување. Не ги виткам трепките за да знам дали задржува извиткано, но и не дава некое посебно извиткување. Повеќе е за некој што сака поприроден изглед. Ја пробав и False Lashes Mascara. Оваа повеќе ми се допадна затоа што наликува на Essential High Definition Lift Up & Great Volume Mascara која ми е една од оние на кои често се навраќам. Оваа е со пократки боцки (не боцкаат ) и дава малку повеќе волумен, но треба да се внимава како се нанесува за да не се нанесе премногу, иако тоа мене не ми пречи. Flash Lash Colored Mascara - зелената/тиркизната. Многу ми се допадна ама штета што не ја користев често затоа што четката воопшто не ми се допадна, а не ми се менуваше четкичка на секое нанесување. Да не беше таква четката ќе си ја земев и виолетовата. Треба да се внимава како се отстранува затоа што знае да остави зелени траги на кожата. Прв пат кога ја отстранив мислев дека ми се појавиле подочници од веѓите до средина на образите Порано ја користев сината, таа исто многу ми се допаѓаше.
@koritsaki мое скромно мислење за маскарата. Иначе ја земав пред неколку дена, само вчера стасав да постирам слика. Морам да напоменам дека појма немав за маскарава пред да ја земам и појма немав што е тјубинг маскара, откако кажав на другарка што маскара зедов таа ми кажа дека се зборело доста на тик ток околу маскарата (немам тикток). Скоро земав маскара која ич не ме бендиса, а сум фан на Макс Фактор иначе, ама маскарава ми е големо НОУ! Влегов по сосема трета работа и ај реков да грабнам некоја друга маскара и сосема наивно без ништо да истражам претходно ја грабнав набрзина оваа и да бев инфлуенсер ќе речев опсесссд. Ама најстварно сум. Морам да кажам дека не сум фан на такви пластични четкички, ама оваа четка во комбинација со формулата е топови. Она што многу ми се свиѓа и прво што приметив е што брзо се суши, значи одма по нанесување и не морам да праам ништо низ дома па да се враќам пред огледало за втор слој па пак нешто да праам до трет слој. Значи почнувам-завршувам. Четкичката е густа и ги расчешлува трепките па не се слепуваат и ги издолжува. Моиве трепки се кратки и ретки и стварно тешки за стилизирање, ама добиваат многу убав облик без многу ефорт. И најдобрата работа, вадењето е многу лесно. Јас не користам мицеларни ниту нешто посебно за вадење шминка од очи оти ми оставаат чудно чувство после миење, па секогаш користам топла вода додека маскарата се растопи и изгледам ко панда во очите, тогаш измивам со гел за лице. Апивита зелениот моментално, иначе верна на црниот сум. Маскарава не ме прави панда кога измивам со топла вода и прв пат приметувам маскара да не се растопува туку се вади како парталчиња што за мене е мноооооогу полесно. Знам дека на крајот на денот, секое искуство е индивидуално и ретко паѓам на хајп затоа и мило ми е што не знаев апсолутно ништо за маскарава пред да ја земам, сигурно ќе ја прескокнев, а сега за мене е најдобра маскара моментално и ја препорачувам. Ако ја земеш, сподели искуство.
Има ли маскара во тегет боја како на панорама поефтина варијанта? Само да ми помине меракот, знам дека нема да ја користам, онака за 2,3 пати не ми се дава 800 ден. Никогаш немам користено а сакам да пробам. Некни во брзање зедов на Есенс, однадвор тегет, мислев таква е внатре не читав само ставив во корпа, дома видов дека е водоотпорна. Не е лоша маскарата ок е, за разлика од другите водоотпорни маскари оваа е супер, дури и тешко се вади, за на лето ќе ја биде.