Се сеќавам прво за Telescopic на L'Oreal, главно зарди четката, оформен како гребенче, (има и верзија со нормална гумена четка) само тоа гребенче нанесува многу повеќе формула на трепките, станува доста драматично, но пак малку e играчка за да не се слепи. Voluminous исто така е драматична ако се напласти, ама малку се размажува...Prestige My biggest lashes пак беше драматична колку што се сеќавам. Инаку од овој ранг најмногу ми е омилена Max Factor 2000 calorie одлична спирала едноставно, и издолжува, и не се Рони, и дели одлично, толку ми се допаѓа! ) но таа не е толку драматична ... Мејбелин, убави спирали, но за секојдневни (за мене барем) за овие се сеќавам на Прима Виста ...
Лично иам пробано и L'Oreal, Max Factor, Avon и што уште не! Сега користам маскара на MAC, и сум презадоволна!
Целата колекција маскари на Maybelline. Воопшто не се скапи, до 350 денари, а даваат преубав ефект . И нема потреба да се користат никакви други свиткувачи за трепки, доволна е само маскарата. Баш вчера си ја купив оваа Ви ја препорачувам на сите
моментално ја користам таа супершокот од авон и сум мн задоволна прочитав поназад дека не им се погодила баш на некои и дури им се лепеле трепките можно е да им се лепеле зошто претходно ставиле пудраа...и од тоа се лепат трепкитее ако на нив ставиш пудра
моментално ја користам оваа маскара на Artdeco, и задоволна сум , не е лоша , ептен природен изглед тава
Моментално сите три ги имам и ги користам наизменично.Не можам да се одлучам која е најдобра-првата дава повеќе густина на трепките, втората има многу добра четкичка со тенки влакна, а третата е нешто како мешавина од првите две
Па вака:јас имав маскара од „мејбилајн“(жолтата за волумен)и ми беше супер,но беше малку поскапа беше 400 денари.Кога ми се потроши таа бидејќи не бев во можност повторно таква да си купам разгледувајќи по каталогот на орифлејм налетав на една маскара која беше 150 денари.Маскарата беше катастрофа.„Very me fat lash mascara by oriflame“ беше и почнаа да ме чешаат очите.Потоа си купив од „Голден роус„ црвена.Таа беше 125 денари и беше 1000 пати поубава од таа од орифлејм.Исто така имам слушнато дека е убава и маскарата од авон - „шок“.Но сепак јас ако ме прашате која е најдобра маскара сепак ќе речам дека е МЕЈБИЛАЈН.
Имам користено многу, но скоро сите со сличен ефект. И поскапи и поефтини. Не ми се фрлаа веќе пари и еве подолго време ја користам розовата маскара на Miss Sporty. Супер е, ги прави трепките густи и долги. Задоволна сум и од една на Авон...коцкаста амбалажа, со еластично четче, но ја немам видено по каталозите
сите видови од Макс Фактор, посебно најновите две Но мислам ако трепките се навикнати да се кренат лесно, која и да е маскара ќе заврши работа. Не знам дали вреди за маскара да фрлиш 500-600ден., иако и јас фрлам
Ја купив оваа маскара пред некоја недела...не знам дали е оригинална или не,во петоко вечерта си ставив кога си дојдов дома не можев да ја извадам сабајлето пак ми стоеше се туширав и уште ми стоеше дури денес гледам некако ми се извадила....оваа маскара гледам дека многу ја фалат читав на интернет ама дали е оригинална оваа што ја имам јас не знам....
Јас ваква маскара користам и ќе се омажам за неа! Прекрасна е, не ги згрутчува трепките воопшто, едноставно совршена е.
Имам користено маскари на Авон ,Орифлејм и Голден Роуз и искрено ,ако правиме споредба со цената ,Голден Роуз ми се погоди најмногу.
Имам пишано и погоре ја користам оваа подолго време и супер ми е е сега сакам да ве прашам дали оваа е можеби подобра?