Не знам точно мајка ми ја куфа последно која купив јас беше 800,ама сега да не е 600 не знам точно,не ефтина ама се исплака за парите в крај,да немаш клепки ова маскара мислам ке тии ги покажва како да имаш топ е хе хе хе а инаку од максфактор се е преубоо нема муабет е сега има некој поскапии работи ама за некои се исплака в крај...
Најдобрата маскара EVER!!! Значи сум користела и на Буржоа, и Мејблајн, и Менхетен, и Макс Фактор... ама Хипноус на Лореал е каде каде најдобрата маскара што ми паднала во раце... а би ги препорачала и на Артдеко маскарите...
^Хипноуз е на Ланком, не Лореал. Инаку да, совршенство од маскара, убедливо најдобра. И јас ја користам, сега има нова, да ја дотрошам па планирам таа да ја земам. Hypnose Doll Lashes А од Лореал топло препорачувам Телескоп црната, одлична е.
Ја добив на поклон од мајка ми пред некој ден, и стварно ми се свиѓа. Нешто најдобро според мене од сите маскари до сега на L`oreal.
Убава е маскарава, ама не може да се мери со жолтата. Мое мислење е, да си кажам јас што ме мачеше. Ич не ми се допадна четкичката, дури се случуваше додека ставав да ми се скубне некоја клепка - ги мразам ваквите гумени или којзнае какви им се.
Хахахаха, фала девојко Можеш да ми кажеш дали и каде кај нас ја има новата? Пошто јас само оваа и Хипноуз Драма сум ги начекала... фала однапред П.С. Од Ланком вреди да се проба и Дефинисилс, ама се поретко ја има...
Mоменатално ја имам од мејбилјан уан бу уан не е лоша,но со жолтата не може да се спореди,а лилата е за в губре Spoiler Gosh не ми е лоша убава е,ја чувам за посебни прилики,ми е жал да ја трошам Spoiler
Ја фалев маскарата на Голден роуз и имав потреба од нова,отидов купив,ама се разочарав кога дојдов дома и ставив,четкичката беше сменета и маскарата некако поретка.Приметила некоја што користи?
Чудно, и јас ја имам истата, ама четкичката си е онаа старата, а нова ми е -ја купив во понеделникот. Кога го причитав постот дури и отидов пак да проверам, ама не - таа си е. Да не е некоја нова серија, штознам.
Немам поим дали е нова серија само знам дека не е ни пола добра од минатата,има поретка четка чудна е,мислев прво дека сум ја згрешила маскарата ама не,инаку ја купив од аптека Еурофарм не знам што е работава.
^^ Ни јас не сум приметила, пред недела-две си купив од пазар. Само мене некако не ми се вади скроз маскарава, обично ја вадам со сапун ама ми останува. Ај некое советче со што веднаш се вади без триења и глупости, не само за оваа маскара туку општо претпоставувам е исто за овие што не се водоотпорни.
Јас добив нова маскара како поклон за роденден и морам да ја пофалам значи прекрасна е Classics perfect finish VOLUME BUILDING MASCARA
Јас пред некој ден ја купив маскарата на Голден роуз Х4, но од парфимерија во Бисер и изгледа вака мене ми е добра, а судејќи по оваа слика очигледно е сменета дали само амбалажата или цела маскара незнам бидејќи не сум ја користела претходно, но очигледно не се исти.
Денеска ја купив Maybelline Falsies Black Drama со чипката и да ви кажам дека лично мене ми е подобра од жолтата, Colossal Volume. Погуста е и четкичката е заоблена.