^^ Аии, кажувај колку паринки е и од каде, ми изгледа убава, а очајно сакам да ја сменам оваа на Голден Роуз - ја купив дека бев во тесно. Јас ја вадам со млекото на Бекутан, сега си купив и млеко на Гарние за лице, задоволна сум, шминката од очите се вади во 2-3 потези.
Дали некој ја пробал најновата на авон Super Shock Max така некако се викаше, Reese Wintherspoon што ја рекламира? Се двоумам дали да ја порачам таа или да се вратам на старата добра Super Full
Jа купив на Aура 270 во аптека маскарата е одлична, супер ги прави трепките мене ми се погоди, црна опаковка е супер е, ја препорачувам, и не е нешто ептен ептен скапа, реално повеќе од 350 денари, ма ни 350 не би дала веќе за маскара!
Онака само да ве информирам дека мене црвената маскара на golden rose ми ги упропасти трепките! А и од маскарите на oriflame и avon не сум многу задоволна моментално ја користам оваа на golden rose и задоволна сум.. Сепак сакам да пробам нешто подобро
Девојки дајте напрајте ми една ваша квалификација на маскарите на Мах Фактор... Се утепав денес од читање на постовиве,и добив впечаток дека бр.1 на повекето ви е 2000 калории,ама нели има и понова флеф... или таа со златно пакување.Сакам да си купам утре задутре и морам да решам која да е. И исто ако сакате и за цените да ми кажете,бидејки не ги имам користено и нит за квалитет нит за цени знам,освен од другарки што ја фалеле само таа 2000 калории и ја зимале околу 800 ден. Може и лп ако не ви е тешко,за да не оптоваруваме темава.
Пријатно изненадена од оваа маскара,ептен ми се погоди ги издолжува трепките за волумен не дава многу ама може од некоја друга маскара за волумен малку и спупер трепки
Искрено ми се погоди маскарата ја купив од една продавничка онака ко за шала као демек 50ден. ама стварно испадна супер
Таа 2000 калории ти е 400 денари,не 800 поновите се околу 800.Таа е најдобрата маскара од средна класа според мене,од новиве не сум користела на М.Ф.така да неможам да ти кажам.Нема да погрешиш со неа сите се задоволни од оваа маскара.
Пред некое време ми дадоа тестер маскара на Clinique.Морам да ја пофалам-дава влажен изглед на трепките, како после плачење.Не ги залепува, многу ги издолжува и им дава волумен.Само, претпоставувам дека маскарата има висока цена, сепак тоа е позната марка
Откако доживеав мало разочарување зошто Lash Architect 4D на L'oreal беше распродадена, се одлучив за Diva's lashes- Pupa. Првпат ја користам оваа маскара и првиот впечаток (едно нанесување) е добар. Малку е претешка за мој вкус и доволен е еден слој за дневна шминка.