Менувам често маскари, но најубава ми е Супер Шок од Авон . Сум ја пробала и суперкрлишс (хаха ама го напишав) не е лоша и таа. А последно зедов од Буржоа една , но ме ми се допадна воопшто.
^^ Женцки ште ве замолам ако не ви е проблем да пишувате и цена на маскариве . Да не препрашуваме и да ја полниме темава без врска . Инаку барам маскара квалитетна нека биде и поскапа си имам проблем трепкиве ми се мнооогу ретки а многу сакам големи и густи трепки . Прибидејќи немам врска од маскариве се мислам за оваа на Геа да ја земам ако можиТ цена да се пишиТ . И ако има некоја со слична дијагноза на мојава нека препороча некоја , веќе ми здодеа од маскари џабе фрлам пари не сум задоволна . Само да не е со гумена четка ни ми дава волумен .
Информации за цените на маскарите на Мах фактор,2000 Калорие е околу 400(мислам 380),а фалс флеш(последната) е околу 850.Најновата ја немаат кај нас,и ми ја изнафалија во космо оваа фалс флеш како најдобра од овој бренд.
Поминав саат време на темава на крај изборот се сведе на ... Само еднава е водоотпорна оваа е блек што е разликава ефектот ? ! Читам велат драматичен ефект а то се тражи . Што ќе препорачате
Венди, па до толку драматичен и не е Јас ја имам втората и не е ништо посебно, мене ми е ретка.. Можам да ти ја препорачам од Макс фактор 2000 калории, јас сум ептен задоволна а има пристапна цена. Исто и од Дебора, Волјум Спринт се вика маскарата, дава прекрасен волумен и доста црни, не е ретка а цената и е 480-500 денари.
^^ Ах Тена Тена ме премислуваш сега ем ми се ретки ем не баш долги затоа барам некоја која ќе ги продолжи и згусне макар и поскапа била . Се откажав од гумените четки дефинитивно не се за мене ми ги чешлаат трепкиве само . Оваа да ја земам штом така гледам вика драматик лоок
^ Hајубаво е предходно да си ја пробаш, ако има тестер. зашто појма немам дали имаат, јас вечита будала купувам без да пробам, страм ми е да се шлапам таму глупачка сакам да ти кажам дека последниов пат и баш не ми се погоди, некако порано беше подобра, затоа прво пробај си, сепак не е ефтина накај 500 денари е
^^ Што знам па мене ми се погоди Али штом така веќе варира квалитетот, еве Лудото убаво ти рекло, да си побараш тестер и да си пробаш. Ако не, побарај ја од Дебора, јас рандом ја купив онака, никој немаше искуства со неа, али стварно не зажалив, дава убав волумен.
Венди, онаа 100% black некако повеќе ги црни трепките, а нема некоја посебна разлика меѓу овие две (сум ги имала и двете) - ги згуснуваат трепките, мене баш тоа ми требаше бидејќи имам долги и тенки трепки и иако не се така баш ретки, дека светли ми се и ич не се познаваат, па сакав да ги истакнам малку повеќе. Ако сака blueparadise да ми ја каже цената на нејзината маскара, во последно време сум многу навлечена кон козметиката на Менхетн. И велите 2000 calorie на Макс Фактор 380-400 денари !? Јас мислев дека ценава оди до осум стотки - ако е така, следна ми е на список, еве си запишувам. Конечно ја порачав онаа од Орифлејм (првенствено заради дизајнот на амбалажата, бидејќи крипи сум - си ги собирам шишенцата од маскари) на Liselotte Watkins, имаше одлична понуда во мини каталогчето, па си ја искористив. Прилично сум задоволна од ефектот на долги трепки, добра е иако не ми е потребно дополнително издолжување бидејќи ми сметаат и дава некоја одредена густина на трепките, ама некако не ми е тоа тоа - ефектот не е таков каков што сакав и очекував, ама тоа е.
^Ееј, незнам колку пари е, тоа веќе испразнета кога беше и ја џапнав на мајка ми , она е многу по Менхетн и Макс Фактор и се од таму купува. Ќе ја прашам за цената и ќе ти пишам одма во ЛП.
Очајно ми требаше нова маскара и денес се пикнав во Golden Rose и си купив од Класик во бело тубиче. Преубава е! Убаво црни и ги згуснува. За должина не забележав ама мене и така ми се долги. А да најважното прва маскара која ми ги кренала трепкиве иначе ги виткам со виткач. Се ан се за 90 денари сум презадоволна. Имаат и тестери во продавницава , па можете да си пробате. Има некоја на Golden Rose нова изгледа, некои 140 денари е , една девојка ја пробуваше многу убава беше. Таа следна на список ми е.
Јас ја имам и не е ништо посебно искрено макар што мене Макс Фактор веќе доста ми потфрлил и за други козметички средства да не почнувам. За згуснување не згуснува, долги мене ми се природно трепките не ги виткам, бидејќи така ми лепи маскарата на капак. Со оваа единствена предност ти е што не се згрутчува ни рони откако ќе ја нанесеш има конзистентност(исто изгледа и по доста поминати саати), ама што знам не би рекла дека само поради квалитетна трајност е толку драматична маскарава. Ни па предизвикува 300% поголем волумен комерцијални трикови читај лаги со опашки .