Ај сега да споделам впечаток за маскарава. Значи маскарава за 100 денара има солиден квалитет и е преубава и одлична за тие пари. Го има истиот ефект како маскарите што сум ги користела од Авон осебено оние супер шок, само оваа е поефтина. Пошто оваа ја добив на поклон, дефинитивно би ја купила. Се сложувам со Маца поубаво земиси маскара на Голден Роуз.
^ 300-350, во Космо мислам 300 да беа, одамна не сум купила таква, т.е. не ни планирам бидејќи не ми одговараше четкичето, ко да ме скубнуваше.
Вака сега, гледам многу ги фалите некои од поефтиниве маскари. Која е најдобра од овие за вас? Оваа е 120 денари мислам. Aјде, кажувајте.
Користев Golden Rose и можам да кажам дека јас лично не сум задоволна. Сега си купив од Oriflame со двоен ефект што беше, не памтам како се викаше, но е навстина супер
Вчера си купив маскара, бидејќи ми беше потребна, инаку не користам многу, бидејќи имам ретки и мали трепки и до сега со сите маскари се повеќе ми паѓале трепките, ама оваа вчера ја употребив и потоа кога јa извадив се беше океј, па најверојатно ќе продолжам да ја користам. Си ја купив во маркет 120 денари. . Сега за сега ми се допаѓа ќе видиме за понатаму, за колку време ќе се исуши и каква ќе биде.
Тинкербел, задоволна си од маскарата од Есенс? Сакам да ја пробам, имам нивна пудра и сум задоволна. Ваљда и маскарата им е добра, м? И на loveu да и кажам за маскарите од Мис Спорти. Имав една демек за волумен, водоотпорна. Ни волумен, ни водоотпорна, вода е таа целата. Ќе додадев уште некој денар и ќе си земев поубава 50 пати од неа. Ми ја фалеа демек задоволни биле, ова она. Ветар во магла. Следниот ден си купив од Гош за волумен. Убаво ти рекле другите феминки, земи си голден роуз, за исти пари ќе имаш подобра маскара.
Jaс имам Голден роуз х4 ултра волуме!! Ја купив од пазар за 80 денари .и мн е убава!! би ја препорачала стварно.нема да се зграши ако се купи! .. ..аа јас користам само маскара..И понекад туш..
Мноооооооооогу сум задоволна од маскарата на Golden Rose во розева амбалажа за издолжување, волумен и разделување на трепките. + флексибилна четкичка. Прекрасна е.
Маскарата Classic 3D ја има другарка ми и кога стави и ги прави трепките многу густи и црни сите ја прашуваат каква користи. 120 ден ја зема.
^ Розевата и црвената се исти, ама розевата има флексибилна четкичка. Јас ти ги препорачувам тие две.
Од понудените само Голден роуз х4 ја имам користено и оваа црвената 3Д. Првата е навистина убава задоволна сум ептен, задоволна бев и од квалитетот на црвената и не се исуши, а ја користев речиси 2 години, ја фрлив бидејќи маскара не смеело да се употребува повеќе од година, инаку беше како нова, разликата меѓу двете е во тоа што х4 е многу појака, погусти и долги ги прави трепките, додека црвената 3Д не толку, таа е за оние кои веќе имаат густи трепки и служи само за дефинирање.
Сега видов дека некој прашал за маскарата. Прекрасна е, многу убави ги прави трепките. Со два слоја ти изгледаат како вештачки. Вреди за парите
Јас ја користам маскарата на Класик x4 и презадоволна сум! Ги згуснува и издолжува трепките, сите ме прашуваат каква маскара користам. Плус ептен е ефтниа, 70 ден. е. Ја препорачувам