...моментално ја користам оваа од Лореал И не сум најзадоволна... Џабе ги фрлив парите на неа, да сакав ваков ефект без маскара ќе си се шетав.
Маскара која ја користев пред неколку години : Ми ја донесоја од Франција, па после кога ми се потроши ја купив кај нас за 800 денари. Ужас! Значи колку се разликува квалитетот на оптшто сите производи во странство и тука во Македонија. Исто ја имам користено и оваа и е мнооогу добра. Последно ја користев: И сега, како што кажав во пост погоре сум на оваа: и ми е преубава.
Jaс порано бев многу против маскарите од Голден Роуз, претходно кога ги користев не бев воопшто задоволна, ама ве читав дека вие ги фалите, а ми досади Мејбилин и си реков ајде да пробам, и онака не е ни 100 денари, и да не чини, ќе ја фрлам. Ја купив оваа (продавачот рече дека жена му ја користи и дека ептен и се убави трепките , а знам колку е заљубен во неа, ама озбилно , па морав да му верувам) И да ви кажам право, не погрешив, еве ја имам можеби 2 месеци, ставам секој ден, а уште не е исушена нити потрошена . Ја препорачувам, и го повлекувам зборот за маскарите од Голден Роуз
Се согласувам, добри им се маскарите, ги користев едно време, па сега се префрлив на Мис Спорти предобри ми се.Понатака, којзнае, може пак ќе ги користам,не се скапи, ама се квалитетни.
Извинете, да си прашам. Вчера од пазарче кај што си зимам стално лакови за нокти, жената што продаваше ми покажа една маскара ко бајаги турска била, и се состоеше од 2 маскари. Ко нес бе, 2/1. Едната ти била за погусти, другата за подолги трепки. 100 ден. исто како оваа на Голден Роуз x4. Знае некој за која зборам? И ако знае, дали има искуство со маскарава?
Абе, па таа на пазар што ми ја покажа беше иста ваква, Буржоа. Све бе исто, со виолетово све. Само што она ми кажа дека била турска А башка 100 ден. Буржоа ?! Кој има искуство друг со оваа маскара што ја зборам ?
Сеси нареден пат пробај ја оваа. Четкичката е бајаги подобра, поубаво ги истакнува трепките, а мислам дека и составот повеќе ќе ти се бендиса. Цените им се исти.
Јас сум позадоволна од таа со златното капаче него црвената. Инаку мене оваа маскара ми е преубава. Мислам 90 денари дека беше.
Моментално ги користам овие две маскари од Golden Rose ми се допаѓаат,трепките ми се исти како кога ќе ставам Max Factor,дури и не осеќам некоја голема разлика
Од каде ги купувате на Голден роуз, не сум ги видела во поголеми парфемерии. Би требало во продавницата на Голден кај рекорд да ги има, а ме интересира дали таму се иста цена како и на другите продажни места или се поскапи/поефтини Ќе пробам и јас штом велите ефтини се и да не ја бива на некој ќе ја дадам.. Само не знам дали црвената или златната, едни од едната други од другата позадоволни. А иста цена се овие две ?
^ Да ги купиш и двете, ич да не му ја мислиш. Цената им се движи од 120-150 ден. Дури и двете да ги земеш, цената пак нема да биде еднаква како маскарите на Мејбелин или Макс Фактор. Инаку, можеш да ги најдеш веројатно во помали парфимерии или најсигурно - на пазар.
Јас ја користам златната и сум презадоволна иначе ги купувам за 79 ден во еден маркет тука кај мене ,иначе иста цена се сите бар во маркетов
Црвената мене повеќе ми ги издолжува,а дава помал волумен додека таа со златно капаче повеќе дава волумен и трепките се погусти,црвената ја купувам 120,златната 80 ги има и во Еурофарм,а во продавницата на Golden Rouse се поскапи таа златната таму кошта 140 ден.
Тинкербел бев во Космо во ГТЦ и ги видов маскарите на Римел, многу ги имаше бе некако , многу избор. И од што не знаев која да ја земам не земав ниедна