Девојки денес ја земав оваа на Буржоа, некоја да каже нешто ? Уште не сум ја испробала. П.с Во Шатци ја земав, акцијата со пудрата де , знаете
Ваква маскара сакам вино боја, најдов ваков молив и одлично ми стои, ми ги освежува очите. Има ли кај нас маскара во вино боја?
Сум видела и сигурна сум дека се продаваат зелена, кафена, сина и сива, ама вино боја, слабо. Што марка е маскарава? Може уште ја немаат низ нашиве продавници.
Некоја Блинц но има и на Benefit се вика plum mascara, всушност е тоа боја на слива, претпоставував дека ја нема кога бев во обиколка на козметичкивте продавници не здогледав нешто слично, па си мислев да не не сум разгледала убаво. Ок ќе почекам може ќе ја добијат во иднина.
Ја има некој маскарава? Добра ли е? Се добива волумен...??? ве молам пишете грлс сакам да ја нарачам...
Луѓе јас ја земав оваа на Голден Роз деновиве и сум задоволна баш, а и цената не е скапа па така да , ја препорачувам
Имаше до пред некоја недела на телевизија реклама за маскара.Маскарата беше виолетова боја ( мислам маскарата опаковката ) Беше со два отвори за волумен и гламурозен изглед. И мислам дека беше во Англија ( Велика Британија така некако ) ја имам видено низ ВЕРО но не знам како се вика и колку пари е... ако некоја девојка знае...нека пиши...ќе бидам многу благодарна... <3
Има понуда во АВОН за маскарава 259ден. + ако се нарача маскара туш за 129ден. Дали некој ја има користено маскарава?
Јас ја имам маскарава. На почетокот ич не ми се погоди многу беше густа некако и ми ги правеше безврска трепките, но после некое време се подзасуши малце и сега ми одговара. Само не чини тоа што ги издолжува трепките, но не ги згуснува. Искраено мое мислење е дека за тие пари можеш многу подобра маскара да си купиш.
јас користам супер шок од авон и црвената од голден роуз прво ставам супер шок а потоа од црвената и предобро изгледа, прво супер шок ми дава волумен, а потоа оваа од голден роуз ми ги издолжува..пробајте највистина преубаво изгледа
За Лореал и Макс Фактор ставрно немам коментар-докажан квалитет. Ама, во последно време користам на Мајбелин и сум ептен задоволна, ја имав и жолтата и циклама варијантата. Сега сакам да пробам од Севентин маскара пошто сум ептен задоволна од другите нивни производи. Ако ја пробал некој нека пише.
Никако, лоша, се суши експресно, и ми ги лепи трепкиве како со уфо лепак! И безпари да ти ја даваат немој
Ги комбинирам Golden Rose 4x4 и Classics 3D и ефектот е супер за тие пари 3Д супер ги издолжува но не им дава волумен, 4x4 порано ми беше доволно но некако ја расипаа.. па сега само да ми ги подзгусне