Јас ја користам маскарата од Golden rose, задоволна сум,но сакам да пробам некоја друга зошто оваа што ја имам ми е при крај
Јас пак сум презадоволна од Макс фактор 2000 калории, Никакви згрутчувања, трае доста долго, ни ти се засушува, трепките ги прави убави ... некако си ја пронајдов идеалната маскара.
Јас моментално ја користам заедно со Super Shock Max и сум презадоволна! Супер ги извиткува трепките!
Презадоволна. Толку имам да кажам околу маскарата. Гледам дека слична имаат и Rimmel, но некако сеуште не сум подготвена да ја сменам.
Jас ја користам од Орифлејм, црвената со ’’чешелче’’ четка. Многу е убава, ако не ја измијам по 3 дена ми трае, ама многу се ушљакавам со тоа чешелчето. Ќе се обидам да ставам слика, ама незнам колку ќе ми успее.
Јас ја користев долго време маскарава. Презадоволна сум, не знам зашто веќе не ја користам.. Желба за промени, ама изгледа пак ќе и се вратам.. Инаку имам долги но ретки трепки. Оваа маскара уште повеќе ми ги издолжуваше и дава ептен голем волумен. Сите ме прашуваа каква маскара користам. А Супер Шок, исто од Авон па ич ми се нема погодено. Катастрофа ми е, а мислев слична ќе биде со Фул но се излажав. Исто многу добра ми е оваа од Орифлејм. Моментално ја користам. Ама при крај ми е, ќе морам да купувам нова некоја. Ме замисливте со маскарите на Голден Роус и Класик. Преефтини а викате добри се, најверојатно ќе пробам некоја од нив. Сепак од трепки до трепки има разлика и не се знае како ќе се погоди.. Од тие поскапите немам користено досега никаква, не ми се даваат толку пари..
Дали знаете која од поефтините маскари (Голден роуз,Мис спорти...)ја има во кафеава боја. Инаку користам маскари од Макс фактор во црна боја ама по мејкап туторијалите препорачуваат барон маскара за зелени очи. Многу сум скептична па сакам да пробам со поефтина па ако е добро ќе купувам и поскапа. Ако може и каде ги купувате и по која цена( во Ск.)
Со години ја користам неа, кој ѓавол ме тераше да експериментирам Ако ми е, сега ќе си ја користам оваа и ќе си ги гледам такви трепките Здравје следниот пат без никакво рамислување, повторно шок маскарата ќе ја земам.
Некоја девојка ако ги има користено овие маскари на essence да ми каже која е подобра,која повеќе дава волумен на трепките?????? или