Купив нова маскара ама брате ич не ми се свиѓаше.Maybelline Colossal.Маскара вака убави ги прави трепките ама мене очите ме чешаа,ме печеа не ја поднесував,и после само една недела си купив нова маскара од еликсир.Златна 2000calorie,повлекувам све што сум рекла за нејзе Во еликсир е како комплет со creme puff пудрата на макс фактор.Цената на комплетот е 480 ден.
Јас ја користев од Авон супер шок маскарата.Океј е,задоволна сум.Но пред некое време немав ногу време и на рака ми падна од фиока една маскара на другарка заборавена кај мене долго време,никогаш не а ни имав користено. Леле луѓе,маскарата е чудо http://avonshop.co.uk/shop/Assets/image ... 107979.jpg Трепките и онака долги моите,сега како вештачки да имам..прекрасно нешто
Ретко користам маскара, бидејќи не се шминкам. Ако купам некоја скапа најверојатно ќе ми се исуши и ќе ми биде жал за парите Ја користам околу 120 денари е. Иако е ефтина одлична е
Ах, маскарава, не можам да ја најдам презадоволна сум од неа и таман кога ми требаше ја снема Земав една друга, ужас, трепки ми испопаѓаа Се надевам ќе си ја најдам маскарава барем не морам да си ги двојам трепките со чачкалица како со останатите маскари.
Која маскара од Max factor би ми ја препорачале за волумен и должина на трепките? Деновиве ќе одам до Unique па сакав да се подновам со маскара
Од овие маскари вејќе не знам која да ја изберам...си купив една плава маскара и толку смрдеше што земав и ја фрлив и од тогаш со сестра ми користеме од иста маскара...таа купува убави.
Дали оваа маскара ги извиткува трепките? Одамна барам некоја за да ми се извиткаат, а гледам на оваа такво и е четчето,а и многу ефтина некако.
Не ми се даваа пари за некоја поскапа маскара, а и немам потреба од издолжување, волуменизирање итн, па си ја земав оваа, заради четката. Ако ви е само за истакнување на трепките, ќе ви заврши работа.
Последно ја имав оваа . И не сум задоволна ама баш ИЧ.. Ги лепи трепките , остава грутчиња . . . Катастрофа
Да ги извиткува трепките, мене ми се допаѓа што не ги размачкува, не ги лепи една до друга и нема потреба од дополнително средување на трепките. Освен оваа, иста, само има и со темно плаво капаче, светло плаво, ја користев и црвената од овие, сите тие ги имам користено долго време, затоа и знам какви се Да ефтина е, се надевам ќе ја најдам и нема да се замарам со другава ужасна маскара
А оваа на есенс ја има кај нас ? Да не ја има некој користено да ми каже каква е.Утре ќе си купувам па незнам каква да земам .Јас имам долги трепки и ми треба маскара што ќе ги црни убаво и да ми ги прави погусти.
според мене производите на Lóreal се незаменливи...првава маскара едно време ми беше омилена, се нервирав што е двојна затоа што имав дупла работа, но бев презадоволна...мислам дека повеќе не ја произведуваат, ја немам видено одамна низ продавнициве. втората има прифатлива цена и ми дава многу убав волумен и што е најбитно не ми ги згрутчува ко некои други маскари. Tретата исто ми е една од поомилените, многу е добра, но последниов пат не ја зедов, не бев при пари
Само што си купив маскара од макс фактор False lash effect па ќе ја испробам вечер.Имаше некоја акција маскарава+бронзер за 780 денари,а само маскара е 820 Не се сомневам дека ќе биде одлична
Jас повтороно и се вракам на Mејбилин колосал жутата,барав ,испробував нови маскари,но нема ништо како неа,освен на Mаксфактор и тие имаат добри маскари и така. Гледам многу ги фалите маскарите на Pимел,а и доста се ефтини,па потака ке ги пробам