Со години користам исклучиво Lancome, сите други кои сум ги користела ми ги иритирале очите. Најновата маскара Lancome Drama, е најдобрата што сум ја користела. Четката е во форма на S буквата, така да полесно ги фаќа помалите трепки, со еден слој се добива волумен и дава баш драматичен изглед на трепките. Ептен сум задоволна од маскарата.
На брзање, без многу мислење купив маскара од Флормар, за 300 ден. Оваа За тие пари е сосема ОК. Ништо спектакуларно, ама не прави грутчиња, не ги лепи трепките, дискретно се познава...
Девојки,убава ли е таа маскарата на Риммел,што ја даваат во Космо со сенка и кармин 445 ден е? Ми изгледа евтино,дури ги има сеуште да ги купам
^Убава е, ги издолжува трепките и не ги слепува.И јас си го земав тој сет, заедно со карминот и сенките.Супер се сите три
Пред некој ден пазарев во Космо и пред мене купуваше една 40-45 год. добро ситуирана дама.Велам добро ситуирана зошто купуваше козметика од Estee Lauder i Dior и баш им се пофали на продавачките дека сетот од Rimmel(сенка во форма на англиско знаме, кармин Kate Moss и маскара) и се погодиле толку многу што бара сега во др боја иако ги купила зошто и биле многу ефтини. Баш ме замисли зошто ако она е задоволна а користи скапи марки најверојатно и овие се добри по квалитет.
Девојки од каде ја најдовте толку ефтина за 120 денара. Јас сум од Велес и ја побарав во парфимерија ми рекоа 220 . Од каде ја имате купено вие од маркет, аптека или парфимерија ?
Јас си ја купував од парфимерија, а незнам ни дали ја има по маркетиве, не сум приметила, а за во аптека не сум видела таму да ја продаваат всушност дали воопшто ги имало некогаш во аптека
Мене ми е ефтина, искрено не би дала пари за маскара за повеќе од 500 ден., мене ми е многу без разлика дали имам пари или не.