Најлошата препорака за маскара до сега ми била за False Lash Waterproof на Max Factor. Трепките ги прави прекрасни, но потоа се смачкани, никакви, одвратни и што е најтрагично, нема вадење! И најтрагичниот дел е, никако да се потроши Сепак се враќам на старата проверена Max Factor False Lash, но не водоотпорна
Ми текнува на една преубава маскара што заборавив од која фирма беше и сега морам да ја најдам па ако ја знае некој како се вика обавезно нека ми каже.. Значи тубата целата е жолта, во средината е подебела и округла и не е многу долга и на неа со големи црни букви пишува extreme volume, така нешто. Уф,ако некој ја знае која е ќе го частам жими се.
Само сакам да им се заблагодарам на девојките што ја препорачаа оваа маскара на темава. Ретко кога кажувам дека нешто вреди повеќе за цената која за него сум ја платила. За преку ден ми е одлична, дури и за навечер не е лоша само да се нанесе повеќе слоеви и немаш криза. Фина маскара за ич пари, многу подобра од Авон и сличните маскари кои се околу 400денари, а оваа многу помалце и чини. За вечерни излегувања и побитни настани си користам Ланком, на подарок си ја добив па си ја чувам а оваа ми е одлична замена за преку ден. Фала ви девојки јас никогаш не би ја купила само да ја видам онака во парфимерија, да не читав овде дека ја фалите.
Јас скромно кревам два прста, за двете. Првата беше на попуст во каталогот (не знам дали уште е валиден) и си ја порачав, по којзнае и кој пат. Мене ми е одлична - ги издолжува и разделува сите трепки, а со повеќе слоја си добиваш ефект на вештачки трепки (моите се прилично долги, ама светли и баш таков ефект добивав), исто така убаво ги извиткува. Втората мене ми е одлична, дава супер волумен, ама дека четкичето, т.е. боцките се погусто распоредени, не ги разделува скроз, сепак одлична ми е. Која и да ја порачаш нема да згрешиш, мене сега во мисла ме стави - не можам да издвојам која е подобра.
Најчесто ги менувам постојано маскарите се гледам различни да купувам т.е пробам, али сепак пак на крајот си се враќам на Golden Rose најубава ми е таа маскара
Истава маскара ја земав пред некое време, само со црно четче е целосно, катастрофа е на почетокот убава беше, сега не е убава, очекував дека ќе биде добра, бидејки ги имам користено другите маскари на Голден Роуз, постарите што им беа, тие им се супер, задоволна сум од нив, ама оваа воопшто не ми се допадна, целата се разводени и грутчиња ми оставаше на трепките, а кога ќе ја отстранев од очи, партали вадев од маскарата Незнам каква е црвената, ама не би ја купила, со оглед на тоа каква е оваа маскара.
Последно купив маскара од miss sporty на почетокот бев скептична но од кога почнав да ја користам нема шанси да ја сменам,има ист ефект како на вештачки трепки со волумен x15-пробајтеја околу 200 денари.
Јас денеска ја земав оваа маскара и навистина ми се допадна.Со оглед на тоа што немам многу долги трепки ептен ми се допадна како ми ги прави.До сега ја користев на Мејбелајн и решив за промена да ја земам оваа и искрено не се покаав
За Lash Extreme можам да кажам дека воопшто не е добра, а другата ја немам користено. Најдобра од Oriflame ми е Wonder Lash.
Исто, јас со маскарава нит можам да ги навиткам трепките нит ништо. Си стојат омлитавени надоле цело време, а да не зборувам колку се меки. Џабе и ги виткам кога си паѓаат.
[/quote] Мене па ми е ок оваа маскара, со 2 слоја нормално. Само проблем ми е што е четкичето такво пластично до сега два пати си направив како ранички на рожницата И обавезно мора и капакот да си го подгребнам. И убаво ги издолжува, само не им дава баш претерано густина. Сепак наредно ќе ја купам пак Golden Rose 4x4, иако и таа некако ко да ја сменија, порано подобра беше