Eве јас да ја пофалам маскарава на Римел. Имам долги трепки, не им дава некој гламурозен изглед, баш се природни, а сепак впечатливи
И мене ми беше сумјива како и пола од маскарите од Авон, само супер шок е добра, али убаво си кажала се суши брзо.. И се распрашав јас кај координаторкава она вика дека е иста како таа старата само ја мењаат опаковката, не им е прв пат вака да прават Ко онаа со бројчаничето, што се врти, демек 1, 2, 3 јас сум 100посто сигурно дека тоа врти во празно, маскарата е ист густа и на 1 и на 3. Така да, сума сумарум иста била како и претходната, јас не сум ја користела, ја фалат, но мене не ми се свија четката...
Ееј, ако мислиш на онаа со виолетовото регулаторче одоздола (немам појма како се викаше маскарата), ја имав и јас пред добри 2 години. Кога беше на "кец" беше супер, ама кога ќе го свртев на двојка, тројка, како и да беа ужас стануваше, мене ми беше прегуста и ми ги слепуваше трепките во снопчиња. А маскарата ми беше омилена долго време, додека не ја открив Супершокот, ама и она си има недостатоци. И сума-сумарум, да не си трошам лиги за безвеза по маскарава. Ајде сепак ако некоја ја нарача да чкртне две три лепе речи.
После толку фалења за маскарава, си ја порачав и јас, Петок ќе ми стигни па ќе ја видам каква е, дали ќе се згоди или не. Само со 3-ка ќе прам па баш да видиме дали ќе има голем волумен Сите досега шо ги прашав шо ја имат користено, сите се задоволни Инаку и јас не сум баш нешто нај нај фасцинриана од Супер шокот од Авон, не ми е баш нешто посебно.
Се наоѓа кај нас маскара во бои? На пример црвена, зелена, плава, розева? Ако има, кажувајте каде сакам да си купам
Случајно летово ја купив од маркет, беа пред затварање и мораше да побрзам и само грабав онака не ни приметив од која фирма е, не беше скапа 5-6 $. Пред тоа секогаш по дифолт си користев од Авон, и морам да кажам дека сум многу задоволна од оваа. Да не знае некој од прилика тука колку пари е ?
маскарава вчера ја пробав кај другарка ми, си барала она маскара пред месец ипол за некоја поефтина цена и таа и рекла да ја проба оваа, нешто како детска колекција била таа ама маскарава е ЧУДО! јас имам кратки ама густи трепки ми ги згусна 2 пати повеќе и ми ги издолжи многу! скроз ми се отворија очите ептен поголеми ми беа, многу е добра ќе одам тука кај нас низ Бисер да ја побарам или ваква ќе земам или од Maybelline некоја инаку била 200 денари http://www.essence.eu/uploads/tx_templa ... ascara.png
Ја добив на подарок Макс Фактор 2000 калории и сум презадоволна! Не ги слепува трепките, четката е токму по мој вкус, не остава предебели слоеви на нив, и какви ќе ги направиш така ќе останат. Дефинитивно мојата нова омилена маскара, не ја менувам веќе.
Моментално користам маскара на Римел,на почетокот не бев нешто посебно задоволна но сега заприметувам не е толку течна како на почетокот и е одлична не дава премногу волумен но ги издолжува трепките до "небо".
Мислам дека е негде 400 и нешто денари. Инаку Макс фактор 2000 калории е одлична, јас само таа ја користам.
јас ја користам од Golden Rose Perfect Lash Ultra Volume x4 Mascara и сум презадоволна, 85ден ја купив